10 „да“ и 10 „не“ совети - Како да изградите здрави односи во животот?
Добрите социјални вештини веројатно се најважната работа во животот, но за жал изминатиов период како да не знаеме како да се однесуваме со луѓето во наша близина.
Отуѓувањето и заладувањето на односите беa неизбежни во време на пандемија, но со првиот зрак светлина и надеж дека работите конечно ќе се стават под контрола, ова се 10 едноставни „да“ и „не“ совети кои ќе ви помогнат да станете друштвени и дружељубиви повторно.
За кои работи велиме ДА?
1. Помогнете им на другите. Не ја гледајте само својата корист.
2. Внимателно слушајте и памтете што ви зборуваат другите.
3. Направете го првиот чекор. Не се плашете од одбивање и негативна реакција.
4. Темите за разговор бирајте ги според опкружувањето. Ако утре се одржува некој настан, разговарајте за него.
5. Насмевнете се. Добро расположените луѓе се секогаш попријатни. Поздравете го случајниот минувач, касиерката, келнерот, жената позади шалтерот...
6. Негувајте се, водете добра хигиена и секогаш мирисајте пријатно.
7. Распрашувајте се за луѓето, но не наоколу. Поставувајте им прашања директно на оние со кои зборувате.
8. Делете комплименти, но нека бидат насочени кон она што вистински ви се допаѓа.
9. Разговарајте за нешто што ја интересира и другата личност, а не само вас.
10. Кажувајте шеги, трудете се да ги насмеете другите, само внимавајте на хуморот.
И запомнете, пријателството не е за секого ист поим. Почитувајте ги туѓите дефиниции за пријателство.
А, што НЕ?
1. Не претерувајте со покажување на емоциите пред луѓе кои не ги знаете доволно.
2. Не се жалете постојано – од партнерот, семејството, работата, од финансиската состојба...
3. Не исклучувајте намерно никого од друштвото, секогаш бидете отворени за сите.
4. Не зборувајте зад грб. На тој начин оставате впечаток на личност без доверба.
5. Не ги копирајте другите за да им се допаднете, тоа има спротивен ефект.
6. Не разговарајте за контроверзни теми со кои може да повредите.
7. Не очекувајте премногу од другите луѓе, бидејќи секогаш ќе бидете негативни и разочарани.
8. Не се преправајте дека некој ви се допаѓа, кога очигледно ситуацијата е спротивна.
9. Не ги контролирајте другите.
10. Не бидете љубоморни затоа што некој успеал во нешто што долго го посакувал.
М. Д. | Црнобело