Луѓето со тенок нос се арогантни – како формата на носот го открива карактерот?
Секој дел од телото може да открие дел од карактерните црти коишто ги носиме во себе.
Што открива формата на носот за вашата личност?
Долг нос
Луѓето кои имаат долг нос генерално се многу интелигентни. Со критички ум, тие знаат како да спроведат конкретна анализа на секоја ситуација пред да извлечат заклучок.
Тие можат да бидат интровертни, замолчувајќи ги своите чувства и мисли. Скептични по природа, тешко можат да им се доверат на другите и претпочитаат да ги кријат своите емоции.
Тие креваат заштитен ѕид за да се одбранат од надворешни пресуди и негативни влијанија.
Краток нос
Луѓето со краток нос се многу чувствителни и имаат тенденција да доживуваат интензивни емоции. Тие се оддалечуваат со цел да не покажат некоја сопствена слабост доколку се повредени, но исто така се и неверојатно лојални, што ги прави идеални пријатели и партнери.
Слатки се и дарежливи, покажуваат огромна посветеност на оние коишто се околу нив. Тие секогаш се покрај своите најблиски, да им го понудат своето рамо за плачење, да ги ислушаат, поддржуваат и советуваат. Тие се ретки бисери што не се пропуштаат.
Коскест нос
Оние со коскест нос тешко се фокусираат и не успеваат оптимално да ги постигнат своите цели. Тие имаат тешкотии да ги следат своите планови и постојано се расеани од луѓето и ситуациите околу нив.
Воедно се многу арогантни. Кога станува збор за друштвените односи, тие честопати се премногу горделиви за да ги откријат своите емоции или слабости. Тие никогаш не ги слушаат советите на другите и мислат дека знаат сè, а нивниот став сметаат дека никогаш не треба да биде ставен под знак прашалник.
Искривен нос
Луѓето со кривулест, односно искривен нос најчесто се амбициозни и суетни. Тие знаат како да постават цели и да работат кон нивното остварување. Сепак, честопати се тврдоглави и не можат да издржат и да не им противречат на другите. Одбиваат да прават компромиси.
Иако честопати им е тешко да комуницираат со другите поради нивниот карактер, сепак успеваат да водат тивок начин на живот со тоа што се дипломатски настроени. Тоа е барем нивната слатка, надворешна фасада.
Широк, дебел нос
Луѓето со широк нос се перцептивни и смели. Тие се фокусираат на постигнување на своите најдлабоки аспирации, без воопшто да се сомневаат во нивните способности. Борци се и им веруваат на своите способности.
Стабилно напредуваат во сите сфери од нивниот живот. Овие луѓе се праведни и лојални и имаат хармонични и стабилни врски. Тие исто така се сметаат за извор на мотивација за другите луѓе.
Тенок нос
Луѓето кои имаат тенок нос се најарогантни од сите. Всушност, нивната гордост го диктира и темпото на нивните социјални односи. Овие луѓе се желни за успех и признание.
Тие се и многу искрени и не се двоумат да ја кажат гласно вистината, дури и кога таа боли. Се одликуваат со аналитичка способност, многу се внимателни и не дозволуваат да бидат измамени од перцепциите на другите луѓе.
(О)Милена | Црнобело