Везув во Италија и уште 7 најопасни вулкани во светот

Сакураџима, Јапонија

Овој вулкан бил остров сè до ерупцијата во 1914-та, кога лавата што се излеала од него го поврзала со брегот. Вулканот станал поактивен во 1955-та, и оттогаш еруптира речиси постојано. Сега експертите редовно ја следат неговата активност, бидејќи се наоѓа во густо населена област со околу 680.000 жители.

vezuv-vo-italija-i-ushte-7-najopasni-vulkani-vo-svetot-06.jpg

Санторини, Грција

Вулканот Санторини се наоѓа во јужниот дел на Егејското море, околу 120 километри северно од Крит, а поглемиот дел се наоѓа под вода. Една од најпознатите ерупции се случила во вториот милениум п.н.е. и била толку голема, што има и свое име – минојска ерупција.

Ова била можеби најголемата ерупција во периодот на пишаната човечка историја. Засега не се откриени докази за жртви, бидејќи тој период местото не било многу населено и луѓето се евакуирале навреме. Последната ерупција на вулканот се случила во 1950-та година.

vezuv-vo-italija-i-ushte-7-najopasni-vulkani-vo-svetot-07.jpg

Унзен, Јапонија

Унзен е всушност активна вулканска група која се наоѓа во префектурата Нагасаки.

Една од најголемите ерупции се случила во 1792-ра и предизвикала мегацунами кое било причина за смртта на неколку илјади луѓе. Оттогаш до 1990 вулканот бил неактивен, но потоа почнале низа ерупции кои се случувале скоро секоја година.

За време на ерупцијата во 1991-ва загинаа 43 научници и новинари, вклучувајќи и двајца познати вулканолози. Последната ерупција се случи во 1995-та година.

vezuv-vo-italija-i-ushte-7-najopasni-vulkani-vo-svetot-08.jpg

Везув, Италија

Везув се наоѓа во близина на градот Неапол и претставува постојана закана за тамошните жители. Според претпоставките на експертите, ако Везув повторно еруптира, може да го загрози животот на над 600.000 луѓе.

Везув е најпознат по ерупцијата во '79-та година, кога целосно го уништил градот Помпеја. Најсилната ерупција после оваа се случила во 1944-та и тогаш загинале 49 луѓе. Оттогаш вулканот нема еруптирано.

vezuv-vo-italija-i-ushte-7-najopasni-vulkani-vo-svetot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg