„Клучот на среќата“ според тројцата најистакнати грчки филозофи
Повеќето филозофи би нѐ советувале да ги користиме нашите аналитички насоки за да стигнеме до среќата, или во спротивно би можеле да ја изгубиме.
Но, како би можеле да препознаеме кој е вистинскиот пат кон неа?! Ова прашање на големо го разработиле грчките филозофи.
Термините како што се знаење и самосвест, самоусовршување, морална доблест, љубезност, хармонија, слобода и самоконтрола се некои од „алатките“ кои грчките филозофи ги предложуваат како идеал за среќа.
Едни од најистакнатите грчки мудреци се Епиктет, Епикур и Аристотел.
Во продолжение ви ја прикажуваме нивната „мапа“ на патот кон среќата.
Епиктет
„Боже, дај ми мир за да ги прифатам нештата што не можам да ги сменам, храброст да ги сменам работите кои можам и мудрост да направам разлика помеѓу нив“.
Спротиставете се на секој надојден, лошо случување или впечаток, размислувајќи: „Тоа е само импресија, а не она што со сигурност сметам дека е.“.
Потоа испитајте го и тестирајте го според овие Епиктетови поделби, односно: дали текот на работите зависат од вас, или пак не.
Ако имате моќ да ги преземете нештата во вашите раце, направете го тоа без размислување, но доколку работите сепак не зависат од вас, бидете подготвени да си кажете: „За мене тоа не е ништо и ќе го пребродам најбрзо што можам“.
Филозофијата, според големиот Епиктет е начин на живот, а не само теоретска дисциплина.
Тој сметал дека сите надворешни настани се преодредени од судбината и затоа се надвор од нашата контрола, така што, што и да се случи треба да го прифатиме спокојно и бестрашно.
Ние луѓето, како поединци сме одговорни за своите постапки, кои можеме да ги испитаме и контролираме преку ригорозна самодисциплина.
Епикур
„Невозможно е да се живее пријатен живот без да се живее мудро, добро и праведно, а невозможно е да се живее мудро, добро и праведно без да се живее пријатен живот“.
Природната правда е израз, со цел да се спречи едно лице да наштети, или пак да биде повредено од друго.
За Епикур, смислата на филозофијата е да се постигне среќен, спокоен живот, кој се карактеризира со атараксија (мир и ослободување од страв), апонија (отсуство на болка), живеејќи самостоен живот, опкружен со саканите.
Тој нѐ учи дека задоволството и болката се мерила за она што е добро и зло, дека смртта е крај и на телото и на душата и затоа не треба да се плашиме.
Дека Боговите ниту ги наградуваат, ниту ги казнуваат луѓето, универзумот е оној кој е бесконечен и вечен, а пак настаните во светот на крајот се базираат на движењата и интеракциите на атомите што се движат во празниот простор.
Аристотел
„Бидејќи среќата е активност на душата, во согласност со совршената доблест, ние мора да ја разгледаме природата на доблеста - бидејќи можеби така ќе ја видиме подобро природата на среќата“.
Сите аспекти на филозофијата на Аристотел ден-денес продолжуваат да бидат предмет на активните академски студии.
Аристотел сметал дека етиката е практична, а не теоретска студија, т.е. студија која има за цел да го промовира доброто однесување.
Тој напишал неколку трактати за етика, вклучувајќи ја и најзначајната, „Етика за Никомахеја“. Аристотел поучувал дека доблеста има врска со правилната функција кон нештото.
Окото е само добро – онолку колку што може да види, бидејќи правилната функција на окото е видот.
Аристотел ја идентификувал оптималната активност на душата како цел на целото човечко намерно дејствување, еудамонија, генерално преведено како „среќа“ или понекогаш „благосостојба“.
За да имате потенцијал да пронајдете и почувствувате ваков вид на среќа, потребно е да работите на подобрувањето на вашиот карактер, односно промовирање на вашите морални и етички вредности.
Мила М. | Црнобело