„Израснав во сиромаштија и како бездомно дете, сега сум милионер на 26 години и возам Lamborghini“
Кога бил мал неговата самохрана мајка останала без работа и тие имале рок од 12 часа да се отселат од домот во кој живееле. „Кога останавме на улица, моравме да користиме јавни тоалети, а потоа почнавме да спиеме кај разни пријатели. Во тој период бев исплашен и изгубен и оттука црпам желба за успех...“, ја раскажува својата животна приказна младиот милионер.
Бранден Конди од Вирџинија сега има 26 години и живее во раскош. Милионер е, сопственик на пентхаус и вози Lamborghini. Тој е бизнисмен во сферата на маркетингот и Инстаграм инфлуенсер со повеќе од 234.000 следбеници.
Но, открива дека израснал во сиромаштија и извесен период дури бил бездомно дете.
Кога бил мал неговата самохрана мајка останала без работа и тие имале рок од 12 часа да се отселат од домот во кој живееле. Се потпирале на хуманоста на пријателите и понекогаш биле присилени да спијат на отворено.
Неговата мајка работела долги смени за да се осигура дека нејзините деца нема да останат гладни.
„Често бев сам дома додека мајка ми напорно работеше за да ги плати сметките и да донесе храна дома. Таа се трудеше многу и нѐ сакаше многу, но работите тогаш беа тешки за нас. Кога останавме на улица, моравме да користиме јавни тоалети, а потоа почнавме да спиеме кај разни пријатели. Во тој период бев исплашен и изгубен и оттука црпам желба за успех, за никој во мојот живот повторно да не се чувствува така.“, вели Бранден.
Токму тешкото детство на Бранден му создало силна работна етика. Одлучен да го заштити своето семејство се вработил на само 16 години и првата работа му била садомијач.
На 21 година ги чистел јахтите на богатите и славните и бил толку инспириран од нивниот начин на живот што си креирал таков за себе, неколку години подоцна.
Сега, носи дизајнерски парчиња облека, оди на луксузни патувања и си дозволува сѐ. Сето тоа го постигнал основајќи ја Инстаграм маркетинг компанијата наречена Branden Condy LLC.
„Се фокусирав на следење на профили на Инстаграм на кои го гледав животниот стил што сакам да го водам. Ги исконтактирав тие луѓе за да ми помогнат со совет како да го обезбедам тоа за себе. Така и сретнав некои од моите бизнис партнери.
По неколку разговори онлајн со еден човек од Аризона, тој ме покани на средба и ме упати во својот успешен Инстаграм маркетинг бизнис. Ми се допадна како работат. Ги видов нивните пари, автомобили, успех и сакав да бидам во нивните чевли. Ми станаа ментори“, открива Бранден.
Тој додава дека стравот од тоа иднината да не му изгледа како минатото го мотивирала да успее, но дека никогаш не заборава од каде дошол.
„Секогаш верувајте во себе и преземајте ризик затоа што верувајте ми, јас го проживеав тоа и вреди“.
Бранден сега купува куќа за својата мајка и вели дека таа го заслужува тоа и дека ѝ е благодарен за сите напори што ги вложувала за него како дете.