„Во Финска, сите имаме сауна дома“ - корисници на TikTok споделуваат необични факти за нивните држави
Во Кина, луѓето носат заштитна маска уште пред пандемијата, во Бразил се опседнати со орална хигиена, а во Словачка чуваат живи риби во кадата пред Божиќ.
Тиктокерот Наср е роден во Сирија, но пораснал во Канада, па поради тоа се соочил со многу различни култури, навики и традиции.
Имајќи го ова на ум, тој им поставил предизвик на другите TikTоk корисници – да споделат некој факт за животот во нивната држава, што ќе им звучи бизарно на луѓето од другите земји.
Во видеото, Наср споделува дека во Канада се продава млеко во кеса. Додека ние можеби се сеќаваме на периодот кога и кај нас се продаваше млеко во ваква амбалажа, за многу луѓе ширум светот, ова е навистина чудно.
@nas.alive Excited to see what weird things people do around the world ? ?
♬ original sound - Nas Alive
Погледнете какви забавни факти споделиле другите TikTоk корисници:
Азија: Жителите носат заштитна маска уште пред пандемијата
Во азиските држави, како Јапонија и Кина, уште пред пандемијата болните луѓе носеа маски за да не заразат некој друг.
Норвешка: Родителите ги оставаат децата на попладневна дремка надвор во количка, дури и кога е многу студено
Финска: Повеќето жители имаат сауна во својот дом
Словачка: Луѓето чуваат риби во кадата пред Божиќ
„Купуваме живи риби, па ги оставаме неколку денови во кадата пред да ги изедеме“.