Низ илустрации: Навики со кои сами си го отежнувате животот и залудно ги обвинувате другите за тоа
Сакаат да контролираат сè
Некои луѓе сакаат да контролираат сè околу нив, вклучувајќи го и однесувањето на нивните најблиски, но сите знаеме дека ова е невозможно.
Поради тоа, овие луѓе се постојано разочарани од другите, но и од себеси, и ништо не може да ги задоволи. Затоа, ако сфатите дека сте ваква личност, обидете се да се опуштите и престанете да се грижите премногу за нештата надвор од ваша контрола.
Постојано озборуваат
Нормално е одвреме-навреме да озборувате со некој близок пријател, но воопшто не е во ред ако постојано го правите тоа. Уште полошо е ако кажувате лоши работи зад грбот на вашите најблиски.
Со текот на времето, луѓето ќе сфатат дека сте личност која само озборува, па на крај никој нема да споделува ништо со вас.
„Заглавени“ се во минатото
Лесно е да ги критикувате младите и постојано да велите дека порано нештата биле подобри, децата биле попослушни и слично.
Сепак, светот постојано се менува и вие, сакале или не, мора да се адаптирате на тоа и да се обидете да ја видите и добрата страна на модерниот живот. Во спротивно, постојано ќе бидете фрустрирани и гневни.
Секако, ова не значи дека треба да дозволите погрешни вредности да стапат на сцена и секогаш може да се потрудите да влеете некоја мудрост кај младите, но не да форсирате и да не сакате да се помирите со промените, постојано критикувајќи ги за нивниот живот.
Даваат совети кога никој не ги побарал од нив
Буквално никој не сака да му „солите памет“ кога не го побарал вашиот совет. Можеби мислите дека правите добро, но со ваквите совети, без разлика за што се, само ја критикувате другата личност.
Спирова С. | Црнобело