Низ илустрации: Навики со кои сами си го отежнувате животот и залудно ги обвинувате другите за тоа
Без разлика дали поради озборување, желба за контрола или потценување на другите, особено помладите, многу луѓе несвесно си создаваат проблеми во односот со луѓето.
Со овие навики, или грешки, тие само се оддалечуваат од другите, а уште полошо е што неретко, вината ја бараат кај нив, а не кај себе.
Па, погледнете кои се најчестите лоши навики со кои луѓето сами си создаваат проблеми со другите:
Гo исмејуваат она што не им е јасно
Обидувајќи се да ја прикријат несигурноста што ја чувствуваат кога ќе се соочат со нешто што не им е јасно, некои луѓе не бараат објаснување, туку го исмејуваат тоа.
Ако, на пример, се води дискусија за тема што не им е позната, тие не поставуваат прашања за да научат нешто во врска со тоа, туку дофрлаат коментари како „Тоа се глупости“.
Со ова однесување само се оддалечуваат од другите.
Ги обвинуваат другите за нивните проблеми
Премногу е лесно да барате вина кај другите кога нештата не одат по план, но некогаш мора да ги преиспитате и вашите постапки.
Да, некои проблеми во животот настануваат поради други луѓе, но ако сте убедени дека вие секогаш сте во право и никогаш не правите грешки, не си правите никаква услуга.
Не ги сфаќаат помладите сериозно
Ако некој е помлад од вас, не значи дека не можете да научите ништо од него. Земете ја за пример технологијата – ако сте во вашите 50-ти, тогаш дефинитивно можете да научите многу за оваа област од некој помлад, кој пораснал во ерата на компјутерите и смартфоните.
Повеќе се фокусираат на социјалните мрежи, отколку на реалниот живот
Денес е многу лесно да создадете потполно лажна слика за себе на Инстаграм или која било социјална мрежа. Но, бројните лајкови и коментари на фотките од „совршениот“ живот се бескорисни кога и самите знаете дека сето тоа е лага.