Пред речиси еден век vs. денес: Фотограф шета низ Европа и прави споредби на места од стари фотки
Холандскиот фотограф Каспер решил да ги следи стапките на реномираниот германски фотограф Курт Хилшер, па ги фотографира истите места како него, речиси цел век подоцна - во неговата колекција има и фото-споредба од прекрасни места во Македонија.
Каспер Моленаар е фотограф од Холандија кој за подарок добил фото-книга од реномираниот германски фотограф Курт Хилшер.
Курт е еден од најпознатите фотографи од Европа во периодот од 1910-1940, а има издадено книга со фотографии од Југославија направени во 1920-ите, но и книга со фотографии од најубавите европски градови.
Каспер, фотографот од Холандија, ги зел овие книги со себе и решил да ги направи истите фотографии како Курт, цел век подоцна. Резултатот се неверојатни фото-споредби на кои повеќето места изгледаат како времето воопшто да не ги допрело.
Тој ги објавува фото-споредбите во групата In the Footsteps of Kurt Hielscher (по стапките на Курт Хилшер), која ја следат околу 1.000 луѓе, како и во групата Yugoslavia 1926 - Present - In the Footsteps of Kurt Hielscher, која има околу 3.000 следбеници.
Повеќето фотографии на Каспер се направени од 2016 до 2020 година, а во продолжение можете да погледнете дел од најдобрите:
Германија – 1924 и 2020
фото: Facebook
Прага – 1941 и 2020
фото: Facebook
Германија – 1924 и 2020
фото: Facebook
Чешка – 1941 и 2019
фото: Facebook
Хрватска – 1926 и 2019
фото: Facebook
Шпанија – 1914-19 и 2019
фото: Facebook