Спортуваат и на ладно, редовно одат во сауна - навики на Скандинавците кои им помагаат да бидат среќни и здрави
Жителите на скандинавските држави се сметаат за едни од најсреќните во светот, па секогаш можеме да научиме нешто од нив.
Она што ги прави Скандинавците едни од најсреќните луѓе во светот не се само поволните услови за живот што им ги нудат државите.
Тие имаат и многу животни навики кои им помагаат да го одржат здравјето и секогаш да бидат во добро расположение.
Погледнете кои се навиките на овие луѓе што им помагаат да бидат среќни и со одлично здравје:
Спортување на отворено наместо одење во теретана
Минувањето време во природа е навистина важно за Скандинавците, па голем дел од слободното време минуваат на отворено.
Веројатно затоа повеќето од нив не одат во теретана, туку спортуваат во природа – скијање, планинарење, возење велосипед …
За нив не постојат лоши временски услови
Зимите во скандинавските држави можат да бидат сурови, но за нив ова не претставува проблем. Тие сметаат дека не постојат лоши временски услови, туку само несоодветна облека.
Во овие држави неретко ќе видите како луѓето возат велосипед без разлика што надвор врне снег или дожд.
Излегувањето на ниски температури може да му годи на организмот – многу истражувања покажаат дека со ова се забрзува метаболизмот, а се подобрува и квалитетот на сонот. Па, дури и во зима, обидете се да излегувате почесто.
Ручекот е најважниот оброк
Во овие држави ручекот се смета за најважниот оброк во денот. Најчесто Скандинавците ручаат околу 4 часот попладне, а оброкот главно се состои од компири, месо, риба и храна со јаглехидрати. За вечера, пак, тие секогаш приготвуваат полесен оброк – сендвич, салата, житарици и слично.
Поради ова, Скандинавците скоро никогаш не легнуваат со полн стомак и ги избегнуваат проблемите со дигестијата.