Спортуваат и на ладно, редовно одат во сауна - навики на Скандинавците кои им помагаат да бидат среќни и здрави

Сауната е најдобриот третман за убавина

Скандинавците редовно посетуваат сауна, а тоа има големи придобивки. Многумина веруваат дека поради ова кожата на Скандинавците секогаш изгледа беспрекорно.

nekolku-naviki-na-skandinavcite-koi-im-pomagaat-da-bidat-srekjni-i-zdravi-05.jpg

Не користат многу продукти за убавина

Скандинавците се грижат за својот изглед, но не употребуваат премногу продукти за убавина. Бидејќи тамошните ниски температури и ветриштата имаат лошо влијание врз кожата, за нив најважна е хидратацијата.

Воглавно, овде ретко ќе најдете жена која користи повеќе од 3-4 продукти за убавина.

nekolku-naviki-na-skandinavcite-koi-im-pomagaat-da-bidat-srekjni-i-zdravi-06.jpg

Скандинавската исхрана е одлична за линијата

Многу Скандинавци преферираат да си готват дома, па со тоа можат да контролираат што внесуваат во организмот.

Нивната исхрана се состои од многу зеленчук, бобинки, риба и пилешко, а многу ретко консумираат црвено месо.

Благодарение на начинот на исхрана, во комбинација со честата физичка активност, Скандинавците лесно ја контролираат телесната тежина.

nekolku-naviki-na-skandinavcite-koi-im-pomagaat-da-bidat-srekjni-i-zdravi-07.jpg

Пиењето кафе е ритуал

Многу луѓе пијат кафе, но ако сте како повеќето, веројатно и вие го пиете набрзина пред да одите на работа или додека ви трае паузата. Но, за Скандинавците пиењето кафе е цел ритуал.

Љубителите на кафе одвојуваат подолго време за пиење кафе и го користат овој период за вистински да се релаксираат.

nekolku-naviki-na-skandinavcite-koi-im-pomagaat-da-bidat-srekjni-i-zdravi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg