Правила на кралското семејство што мораат да ги почитуваат и најголемите ѕвезди кога ќе се сретнат со нив
Гледање во очи
Додека разговарате со некој од кралското семејство треба да го гледате во очи. Веројатно поради тоа, оваа фотографија од кралицата и Ана Винтур беше мета на многу критики, најмногу бидејќи уредничката не ги ни извадила очилата за сонце. Но, очигледно е дека на кралицата не ѝ е грижа и ужива во разговорот.
Забрането обраќање по име
Кога првпат ќе се запознаете со некој од кралското семејство, треба да му се обратите со Ваше височество. Потоа, не треба да го викате по име, туку морате повторно да го користите Ваше височество или госпоѓо/господине (madam/sir).
Забранети се и прекарите
Членовите од кралското семејство си имаат прекари меѓу нив, но само тие смеат да ги користат.
Вашиот партнер треба да стои зад вас
Неретко, времето на кралицата е испланирано до минута, па таа нема време да се поздравува со сите. Затоа, ако вие добиете покана за настан каде што можете да се поздравите со неа, а притоа со вас земете уште некоја личност, оваа личност ќе треба да стои зад вас додека се ракувате со кралицата. Истовремено, оваа личност не смее да ѝ се обраќа ако таа не го праша нешто.
Мораат да стојат кога стои и кралицата
Ако сте во иста соба со Елизабета, имајте на ум дека секојпат кога таа ќе стане, треба да станете и вие. Ако, пак, сте на заедничка вечера, кога кралицата ќе заврши со оброкот, и вие би требало да престанете да јадете.