Правила на кралското семејство што мораат да ги почитуваат и најголемите ѕвезди кога ќе се сретнат со нив
Никој не смее да ѝ сврти грб на кралицата
Постои и правило според кое никој не смее да и сврти грб на кралицата, ниту на кој било член од кралското семејство.
Никој не смее да си замине пред кралицата
Ако сте на настан каде што присуствува и Елизабета, не смеете да си заминете пред неа. Гостите мораат да присуствуваат, сè додека не добијат дозвола од кралицата за да си одат.
Забрана за селфиња и автограми
Ова е правило за членовите на краското семејство. Од безбедносни причини, нив им е забрането да прават селфиња со кого било. Сепак, ова правило се прекршува сè почесто.
Членовите од кралското семејство не смеат ни да даваат автограми, ниту да се потпишат на што било освен официјален документи.
Кодекс за облекување
Кога станува збор за облека, не би требало да носите нешто со светли бои за да не се истакнувате. Истовремено, облеката треба да биде што е можно попристојна. Изгледа Мерилин Монро не го знаела правилото кога се поздравувала со кралицата.
Никој не смее да одбие покана од кралицата
Никој не смее да ја добие поканата од кралицата, освен ако има навистина добра причина. На пример, кога актерката Хелен Милер одби покана за вечера со Елизабета бидејќи имала снимање, приказната се расчу низ целиот свет.
Спирова С. | Црнобело