Правила на кралското семејство што мораат да ги почитуваат и најголемите ѕвезди кога ќе се сретнат со нив
Знаевте ли дека ако некогаш имате можност да се запознаете со член од кралското семејство, ќе мора да почитувате многу правила?
Допирање, зборување без да ве прашаат, доцнење – сето ова се работи кои се неприфатливи доколку имате ваква можност. А, овие правила важат за буквално сите, без разлика колку се богати, моќни или славни.
Во последно време членовите од кралското семејство како да се обидуваат да ѝ се доближат на јавноста, па денес не е голем проблем и да прекршите некое правило. Но, тие сепак си постојат.
Погледнете ги најважните правила што би требало да ги следат сите кога имаат средба со некој од кралското семејство:
Не смеат да се шегуваат со обезбедувањето
Повеќето правила се смислени поради безбедноста на кралското семејство, а бидејќи нивното обезбедување веќе има полни раце работа, не би требало да се шегувате со нив или да им го одвлекувате вниманието.
Не смеат да доцнат
Според правилата, кралицата треба да биде последната личност која ќе пристигне на некој настан. На пример, на венчавката на Меган и Хари, кралицата пристигна само 5 минути пред невестата.
Не смеат да ги допираат
Без разлика колку сте пријателски настроени, никако не смеете да ги допрете членовите од кралското семејство. Сепак, Вилијам веројатно ѝ простил на Џеј Ло за овој пропуст.
Бројни правила за поздравување
Постои правило според кое кога некој сака да ја поздрави кралицата, треба да ја наведне главата или да ѝ се поклони. Но, ако не го знаете ова правило или сте од друга држава, можете и само да се ракувате.
Некогаш членовите од кралското семејство и се бакнуваат и прегрнуваат со другите, но мора тие да бидат иницијатори за ова, а не „обичните“ луѓе.
Не смеат да зборуваат кога сакаат
Според протоколот, не треба да почнете разговор со член од кралското семејство сè додека не се ракувате со него. Покрај тоа, најчесто треба да почекате и членот од кралското семејство да ви ја подаде раката, а не вие нему.