Дечко без нозе и една рака ја пронајде вистинската девојка – таа го носи на раце на планинарски тури
Ник е пресреќен што пронашол вистинска љубов, а таа што крај себе има човек како него, кој секојдневно ја инспирира со својата непресушна енергија и позитивност.
Ник Сантонастасо (24) роден е без нозе и само со една рака со еден прст, но и покрај препреките тој успеа да стане познат бодибилдер и фитнес модел.
И покрај лошите прогнози на докторите, овој Американец преживеа и води поисполнет живот од многу други.
Од одење на риболов до разни спортски активности и ноќни забави, Ник живее со полн здив.
Интересно е што има и прекрасна девојка која му е поддршка во сѐ. Убавата русокоса, како и Ник, се обидува да шири позитивно влијание на Инстаграм и да испрати порака колку е важно да се вежба секојдневно.
Таа го нарекува Ник најспецијалниот човек во нејзиниот живот, зрак светлина и отворено кажува дека е благодарна што се буди секое утро крај него и црпи од неговата непресушна енергија.
Заедно одат на разни авантури, па дури и на планинарски тури на кои таа го носи во раце.
Инспиративни фотки од овој фит пар: