Фотограф споредува портрети од луѓе и нивните миленици – сличноста помеѓу нив е неверојатна
Еден фотограф решил да ја тестира теоријата според која луѓето секогаш избираат миленици кои личат на нив, и успеал да ја потврди.
Според науката, кога вдомуваат милениче, луѓето настојуваат да земат мачка или куче кое наликува на нив. Неретко, луѓето избираат миленик и со сличен карактер на нивниот - на пример, енергичните луѓе чуваат потемпераментни животни.
Оваа теорија ја тестирал професионалниот фотограф Џерард Гетингс, и неговиот фото-проект само ја потврдил.
Тој почнал да фотографира луѓе и нивни миленици, а потоа ги спојува двете фотографии во колаж. На овој начин, сличностите се и повеќе од очигледни.
Ако не верувате, погледнете дел од најдобрите споредби: