„Воскреснувач“, работник во видеотека – работни места кои повеќе не постојат
Како што напредува технологијата, и самите сведочиме како некои работни места стануваат непотребни.
Автоматизацијата замени многу работници во индустријата, а машините одново и одново се покажуваат како многу поефикасни за одредени работи.
Некои работни места, пак, исчезнуваат бидејќи, едноставно, пазарот повеќе нема потреба од тоа што го нудат.
Во продолжение погледнете неколку интересни работни места, кои повеќе не постојат (или се ретки):
Работник во видеотека
Се сеќавате ли на ерата пред интернетот, кога изнајмувавме филмови од видеотеки? Во минатото видеотеките беа популарни во речиси сите држави, но со достапноста на филмовите онлајн, јасно е зошто веќе не ни се потребни.
„Воскреснувачи“
Помеѓу 18 и 19 век, медицинските училишта се потпирале на „воскреснувачите“ кога им биле потребни човечки трупови.
Овие луѓе ги откопувале гробовите, а потоа им ги продавале труповите на универзитетите. Ова станало особено честа појава во Британија, но „воскреснувачите“ биле осудувани од општеството, па неретко ги нарекувале и „крадци на трупови“.
Луѓе-компјутери
Зборот „компјутер“ може да се преведе и како „сметач“, па затоа овие луѓе биле нарекувани компјутери. Пред револуцијата во компјутерската технологија, сложените пресметки ги извршувале луѓе, најчесто жени. Тие работеле во разни фирми, а многу од нив вработувала и НАСА.
Луѓе-будилници
Во минатото луѓето немале будилници, но сепак имале обврски и морале да стануваат рано. Токму затоа се прославиле луѓето-будилници. Овие луѓе оделе по улиците и тропале по вратите и прозорците на нивните клиенти, со цел да ги разбудат.