Што прогнозира за следниов период астрологот кој го предвиде корона вирусот?

Британскиот астролог Џесика Адамс (56) ја предвиде пандемијата од корона вирусот една година порано.

sto-prognozira-za-sledniov-period-astrologot-koj-go-predvide-korona-virusot-01.jpg

Таа во февруари годинава, го напушти својот дом во Лондон и заедно со своите две кучиња и кокошка се пресели во Тасманија. Ги откажала сите планови вклучувајќи ја и забавата планирана за нејзината најдобра пријателка првиот викенд во март.

„Знаев дека нешто ни доаѓа и дека нешто ќе се случи. Го следев сопствениот совет. И навистина бев на време. Понекогаш треба да го чуете алармот порано, и јас тоа и го направив.“

Една година порано, Џесика јавно ги истакна нејзините предвидувања дека вирус ќе го нападне светот и како почеток го наведе 10-ти јануари 2020-та година – денот кога беше потврдена првата жртва од ковид-19 во Вухан, Кина.

„Сакав да ги предупредам луѓето – за нивните пензии, заштеди, позајмувањето пари за да бидат подготвени дека светот навистина ќе се промени“.

Години наназад таа го предвиде и Брегзит како и големото разделување во британското кралско семејство.

sto-prognozira-za-sledniov-period-astrologot-koj-go-predvide-korona-virusot-02.jpg

Кои се нејзините предвидувања за наредниот период?

За корона вирусот

Џесика Адамс вели дека короната нема да исчезне, туку дека ќе мора да научиме да живееме со неа. Не е премногу оптимист со прогнозите дека ќе се најде вакцина во скоро време. Од друга страна пак, научниците веќе ја очекуваат следната година.

sto-prognozira-za-sledniov-period-astrologot-koj-go-predvide-korona-virusot-04.jpg

За Меган и Хари

Астрологот прогнозира дека двојката нема да ги „измазни“ односите со Кејт и Вилијам. Им се насмевнува соработка со бизнисмен во врска со работа фокусирана на храна. Следната година ќе остварат голем успех во хуманитарната работа.

За претседателските избори во САД

Џесика вели дека на изборите во САД нема да победи Републиканец, туку кандидат кој е ориентиран феминистички. Доколку се оствари ова, Доналд Трамп веројатно ќе се пресели од Америка (ова и тој го најави во случај да биде победен од Џо Бајден).

За климатските промени

За 6 години ќе се реши големата климатска криза, тврди астрологот и порачува дека активистката Грета Тунберг после ова ќе може да живее порелаксирано.

Останува да видиме дали нешто од ова ќе се оствари.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg