Душек наместо кревет, правоаголни тавчиња за омлет – колку се разликуваат јапонските домови од нашите?
Мијалник врз казанчето во тоалетот
Идејата зад овие мијалници е едноставна – кога се миете раце, водата од чешмата го полни казанчето, и потоа може да се искористи за пуштање вода во тоалетната школка. На овој начин се заштедува вода.
Во кадата често нема чешма
Кај Јапонците, дури и бањањето е поразлично од она на коешто сме навикнати. Кога сакаат да си ја наполнат кадата, Јапонците прво се тушираат, па лежењето во када им е повеќе за релаксација.
Истовремено, кадите направени за ова намена немаат чешми и во помодерните тоалети се полнат од посебен одвод, а температурата можете да ја регулирате сами.
Многу кујни немаат голема рерна како кај нас
Големите рерни што ги има во речиси секоја кујна кај нас се реткост во јапонските домови. Најчесто Јапонците имаат микробранова печка со повеќе функции, а некогаш имаат и мала рерна за печење риба.
Речиси сите имаат апарат за правење ориз
Оризот е едно од основните јадења во Јапонија, па не е ни чудно што речиси секој дом е опремен со посебен апарат за негово приготвување.
Никој не користи машина за садови
Бидејќи јапонските кујни се мали, ретко кој купува машина за миење садови. Истовремено, јапонците веруваат дека „рачното“ миење садови е секогаш поефикасно, па овие машини ги гледаат како бескорисни.
Спирова С. | Црнобело