Душек наместо кревет, правоаголни тавчиња за омлет – колку се разликуваат јапонските домови од нашите?
Јапонската култура значително се разликува од она што ни е познато нам. За учтивоста на Јапонците се зборува ширум целиот свет, а нивниот минималистички начин на живот навистина е за восхит. Дури и традиционалната јапонска кујна е многу поразлична од храната на којашто сме навикнати ние.
Минимализмот се забележува и во домовите – јапонските станови и куќи секогаш изгледаат средено, а секој дел од просторот е искористен најефикасно.
Погледнете колку се разликуваат јапонските домови од нашите:
Многу луѓе спијат само на душек, без кревет
Многу Јапонци спијат на дебели памучни душеци кои се поставуваат на земјата. Овие душеци можат да се тргнат во текот на денот, така што ослободуваат многу голем простор. Дури и во многу хотели ќе најдете душек наместо кревет.
Наместо ходник, во домот имаат „генкан“
Во јапонските домови, пред влезната врата се наоѓа мал простор кој го нарекуваат „генкан“. Ова е место каде што ги соблекуваат и каде што ги чуваат чевлите.
Најчесто, просторот е поставен малку пониско и е одделен од другиот дел на домот со праг, така што прашината од обувките нема да се разнесе низ целиот дом.
Правоаголни тавчиња за омлет
Додека ние користиме кружни тавчиња за речиси сè, Јапонците преферираат да го прават омлетот во правоаголно тавче.
Многу кујни имаат скриен простор на подот
Во многу јапонски кујни има мал простор на подот кој се користи за складирање храна, пијалаци или што било. На овој начин се заштедува многу простор.
Повеќето Јапонци користат машина за перење и сушење
Наместо посебна машина за перење и посебна сушара, Јапонците најчесто инвестираат во машина што ги прави и двете. Мислењата за овие машини кај нас се има поделени. Некои ги користат, а некои се одлучуваат за две посебни.