Чудни парови: Еднојајчани близначки мажени за еднојајчани близнаци, бремени во исто време (фото)
Приказната за близначките Британи и Бријани Дин Салиерс е навистина несекојдневна. Тие се еднојајчани близначки мажени за едноjajчани близнаци, а во моментов и двете се бремени.
„Нашите деца нема да бидат само роднини, туку повеќе како родени брат и сестра“.
Во тандем, соопштија дека чекаат принова во костими за капење во стилот на Baywatch.
Овие два пара стекнаа популарност во шоуто "Our Twinsane Wedding".
Четворицата живеат заедно и неретко се облекуваат исто.
Близнаците се запознале на Twins фестивалот во Твинсбург, Охајо во 2018-та година, а година дена подоцна браќата ги запросија идентичните сестри.
Нивната венчавка била тематска, а ги венчале свештеници кои исто така се еднојајчани близнаци.
Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм