Целосно променет и секси 20 години подоцна – Како изгледа младиот заводник кој ја освои Саманта? (фото)
Русокосиот и синоок заводник ја заведе Саманта во „Сексот и Градот“, но освои и многу други женски срца, а 20 години подоцна има целосно различен изглед и повторно е секси.
Се сеќавате ли на дечкото што го глумеше моделот Џери „Смит“ Џерод во „Сексот и Градот“? Девојките кои биле фанови на серијата со сигурност не ги заборавиле жешките сцени со него.
Денес тој има 49 години и ако го видите сигурно нема да препознаете дека е истиот лик, бидејќи во последните 20 години е целосно трансформиран.
Долгата руса коса по која беше препознатлив веќе не е дел од неговиот имиџ, а веќе нема изглед на секси играчка и сладок сурфер, туку е зрел маж кој старее многу добро.
Сините очи уште му го красат лицето и дамите уште не можат да му одолеат.