Стјуардесата која ги шокира патниците со сличноста на Меган Маркл (фото)
Кристина Приморс Матас (32) од Њу Џерси често добива комплименти за својот изглед – сите велат дека многу личи со Меган Маркл.
Таа работи како стјуардеса и особено на нејзините летови до Лондон, патниците се шокирани од нејзината сличност со сопругата на принцот Хари.
Кристина има голема желба да добие улога во филм во кој би ја глумела Меган, а уште од пред 5 години во договор со професионален фотограф снимила фотографии кои се имитација на принцот и војвотката.
„Минатата година потпишав договор со агенција која ангажира луѓе кои личат на познати ѕвезди. Морам да признаам дека и покрај убавите комплименти честопати добивам и закани и грди коментари од типот „се шминкаш како неа, па затоа личите инаку не наликувате воопшто“.
Има сличност, нели?
Кристина / Меган
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





