Најдебелиот човек имал повеќе од 600 kg - 10 светски рекорди кои досега никој не успеал да ги сруши
Уште од 1955-та година, Гинисовата книга на рекорди ги документира најголемите, а неретко и најчудните подвизи и карактеристики на луѓето.
Оттогаш до денес, во книгата завршиле безброј луѓе, со рекорди од секакви области, но повеќето од нив се срушуваат секоја година.
Сепак, постојат и оние кои досега никој не успеал да ги сруши. Иако можеби еден ден и нив ќе ги снајде ваква судбина, навистина е импресивно колку долго издржале.
Погледнете ги 10-те светски рекорди кои никогаш не биле срушени:
Највисокиот маж и највисоката жена
Роберт Вадлоу важи за највисоката личност која била родена во познатата историја на човештвото. Иако тој се родил со просечна големина, со текот на времето достигнал висина од 2,72 метри.
За жал, Роберт починал на 22-годишна возраст, но според лекари кои го истражувале неговиот случај, ако живеел подолго, најверојатно ќе пораснел уште повеќе.
Највисоката жена, пак, е од Кина и кога починала на 17-годишна возраст, во 1982-ра, таа имала околу 2,5 метри.
Најголемата канцелариска зграда во светот
Кога ќе ви речат најголема канцелариска зграда, можеби си замислувате огромен облакодер. Но, овој рекорд му припаѓа на американскиот Пентагон, кој има само пет ката.
Оваа градба се протега на површина од околу 600.000 метри квадратни, од кои 340.000 се канцелариски простор. Овде работат најмалку 23.000 луѓе.
Најбогатиот човек во историјата на човештвото
Знаеме дека денес, најбогатиот човек е Џеф Безос и неговото богатство изнесува околу 145 милијарди долари. Но, најбогатиот човек во историјата е Џон Д. Рокфелер.
Во 1913-та, тој имал 900 милиони долари, но кога ќе се земе предвид инфлацијата, како и парите што ги заработил од 1913-та до неговата смрт, Рокфелер имал 418 милијарди денешни долари.
Сепак, важно е да се напомене дека бидејќи е речиси невозможно да се спореди неговото богатство со она на фараоните или личности од подамнешната историја, Рокфелер се смета за најбогатиот човек во модерната историја.
Филм со најголема заработка
Во 2019-та, „Avengers: Endgame“ заработи неверојатни 2,7 милијарди и си ја доби титулата за филм со најголема заработка.
Но, и овојпат треба да се земе предвид инфлацијата.
„Gone with the Wind“ во 1939-та заработил 390 милиони долари на бокс офисот. Кога ќе се прилагоди сумата, филмот всушност заработил 7,2 милијарди денешни долари.
Најдолгите нокти
Шриндар Чиал од Индија го држи рекордот за најдолгите нокти во светот. Пред да му ги исечат, после 66 години, неговите нокти имале должина од 909,6 сантиметри.
Тој престанал да ги сече ноктите на 14-годишна возраст, но само на едната рака, бидејќи со толкави нокти на двете раце не можете да правите ништо.