Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како се разликува пандемијата со корона вирусот од другите пандемии низ историјата?

Информациите и дезинформациите се шират многу побрзо и полесно

Ни Македонија не остана имуна на лажните вести, кои денес се шират побрзо од кога било во минатото.

Оваа пандемија е во период кога информациите и дезинформации се лесно достапни, а ова, пак, води до жестоки дебати за тоа што е точно а што не. Сепак, експертите се луѓе кои цел живот изучувале болести и пандемии, па најдобро би било да се следат нивните совети и препораки.

На Земјата има повеќе луѓе

Денес планетата е понаселена од кога било, што значи има многу повеќе потенцијални заразени од претходните пандемии.

На пример, во 1918-та, се проценува дека на Земјата имало 1,8 милијарди луѓе, од кои 50 милиони починале од пандемијата. Денес сме над 7 милијарди луѓе, што значи дека доколку не ја контролиравме пандемијата и не преземавме ништо, веројатно ќе имаше многу повеќе заразени отколку во 1918-та.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-05.jpg

Сè уште нема вакцина или групен имунитет

КОВИД-19 ги напаѓа сите луѓе, на секоја возраст, а експертите сметаат дека постои голема разлика помеѓу оваа и другите зарази.

На пример, кога станува збор за некои видови грип, бебињата и постарите се ризична група, но здравите млади можат да создадат таканаречен „групен имунитет“, што ќе ја спречи потенцијалната пандемија.

За КОВИД-19 сè уште немаме ваков групен имунитет, а вакцината допрва ја чекаме.

Медицината е многу понапредна

Ова се многу добри вести. Денес лекарите се поспремни од кога било да се справуваат со патогени и да прават лекови.

Корона вирусите се проучувани веќе 50 години, па научниците знаат многу за нив, а тоа значи дека многу полесно и побрзо можат да направат стратегија за лекување и развивање вакцина, отколку во минатото.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-06.jpg

Светот никогаш не бил затворен како сега

Едноставно кажано, ниту една пандемија не го затворила светот како сега. Луѓето работат од дома, училиштата се затворени, откажани се сите важни настани… Се разбира, сето ова е за да се спречи пандемијата што е можно побрзо и максимално да се намали бројот на заразени, но и на жртви.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg