Неодолива пролетна глетка – Полиња и букети полни лалиња кои личат на сладолед (фото)
Полињата со лалиња во Холандија им се омилена атракција на туристите, но кога нема патувања, ќе уживаме во фотките од неодоливите лалиња со изглед на сладолед.
Освен во Холандија, и во многу други земји низ светот се одржуваа пролетни фестивали на лалиња во изминатите години, а туристите уживаа во беспрекорната природа и глетка.
Едни од најубавите лалиња се дефинитивно овие со изглед на сладолед кои се толку неодоливи, што ќе посакате цел дом да го наполните со нив.
Можеби нема да уживаме во живот гледајќи како пролетта се буди и лалињата расветуваат, но може да се восхитуваме на прекрасните фотки од нив.
И не заборавајте да си купите макар и обични лалиња и да си го разубавите домот, а инстаграмџиите ќе се погрижат да ви доловат како изгледаат прекрасните „сладолед-лалиња“:
https://www.instagram.com/p/B_SxGfqnBRU/