Синдромот „сакам сите да ме сакаат“ и неговото влијание

Во одреден момент од нашите животи, сите покажуваме знаци на синдромот „сакам сите да ме сакаат“. 

Sindromot „sakam site da me sakaat“ i negovoto vlijanie vrz zhivotot-01.jpg

Овој феномен најчесто се јавува во развојната фаза, односно кај младите луѓе или средношколците. Сепак, постојат и случаи кога овој синдром се јавува и кај зрели лица.

Многу често бараме одредено задоволство, награда или одобрување од луѓето. Ако мислите дека никогаш не сте биле личност која се соочила со ова, размислете повторно.

Дали некогаш сте го скриле вашето мислење од страв како ќе реагираат другите? Дали некогаш сте ценеле некој друг само затоа што се смеел на вашите шеги? Дали некогаш сте посакале да бидете омилени во друштвото?

Веројатно сте биле во ваква ситуација барем еднаш во животот.

Sindromot „sakam site da me sakaat“ i negovoto vlijanie vrz zhivotot03.jpg

Синдромот „сакам сите да ме сакаат“ е во човечката природа и не треба да ве плаши, особено ако не се случува често. Во повеќето случаи, ова навидум безопасно однесување може да има подлабоко значење.

Едно истражување од 2016 година открило дека луѓето кои претерано им помагаат на другите го прават тоа како одбранбен механизам, за да избегнат ментален стрес. Но последиците од ваквото однесување се токму ментален стрес.

Во обид да го објаснат влијанието на овој синдром врз нас и нашите односи, експертите ги идентификувале трите најчести навики на луѓето кои сакаат да им угодуваат на сите:

Барате потврда од другите

Ако постојано барате одобрување од другите или ги користите туѓите мислења за себе како репер за вашата самодоверба, коренот на овој проблем е тоа што сакате да им угодувате на сите.

Сите ние, во одреден момент го сакаме одобрувањето во форма на пофалби, затоа што така се чувствуваме вклучени, потребни.

Sindromot „sakam site da me sakaat“ i negovoto vlijanie vrz zhivotot-02.jpg

Кажувате ДА, кога навистина сакате да кажете НЕ

Поставувањето нереални очекувања и правењето работи што интуитивно знаете дека не сакате да ги правите, завршува со давање приоритет на другите луѓе, секогаш.

Со текот на времето, вашите односи можат да почнат да доживуваат негативни ефекти.

Запомнете дека можете да кажете „не“ и да останете во добри односи. Сè уште можете да бидете љубезни и нежни, дури и кога ќе кажете „не“.

Пасивно однесување

Прифаќањето не вклучува само изговарање на зборот „да“, туку и активности што не ги правите за да избегнете конфликти. Договарањето без коментар или предлог не ве прави рамноправен партнер во договорите. 

Секогаш размислувајте и за вашите потреби и цели и кажете го вашето мислење.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg