Црна, сива, црвена: Бојата која преовладува во вашиот плакар го открива вашиот карактер

Каква боја преовладува во вашиот плакар? Сигурни сме дека постои боја во која се чувствувате најпријатно. Токму бојата која преовладува на вашите алишта кажува многу за вашиот карактер.

crna-siva-crvena-bojata-koja-preovladuva-vo-vasiot-plakar-go-otkriva-vasiot-karakter-01.jpg

Црна

Експертот за мода, Карен Хелер, истакнува дека црната боја се смета за сериозна. Таа е синоним на моќ, престиж, сериозност и елеганција.

Луѓето на кои им е омилена црната боја се амбициозни, одлучни и чувствителни. По правило, тие се емотивни и лесно се возбудуваат, иако често сакаат да го сокријат ова. Црната боја помага да го свртат вниманието на окружувањето кон себе.

Кафеава

Бојата на земјата, асоцијација за нешто стабилно, силно и издржано. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се малку конзервативни, сакаат мир и тишина, стабилност.

Кога носите кафеава јакна или капут, давате впечаток на личност со самодоверба, интелигентна и рационална.

Сина

Ако одите на разговор за работа – облечете сино. Сината боја дава впечаток на самодоверба и сигурност. Токму затоа многу работни униформи се во оваа боја.

Темно сината има смирувачки ефект. Луѓето кои носат сина боја се поврзуваат со интелигенција, доверба, ефикасност и смиреност. Сините нијанси најчесто ги одбираат љубезни луѓе, симпатични и по малку срамежливи.

Личностите кои преферираат сина боја ќе бидат одлични родители и работници за пример. Смиреност и рамнотежа се нивни најчести особини.

Зелена

Истражувачите од Универзитетот во Амстердам нагласуваат дека зелената боја предизвикува добро расположение кај вас, но и кај вашата околина.

Пријатноста на зелената боја доаѓа од поврзаноста со природата, што со себе носи чувство на мир и задоволство. Оние кои преферираат зелена боја, водат активен живот и се финансиски стабилни. Грижливи сè, љубезни и имаат меко срце.

Виолетова

Виолетовата боја во минатото била симбол за софистицираност, богатство и луксуз. Познато е дека Клеопатра била опседната со виолетовата. Денес, оваа боја е симбол за креативност, статус и љубов кон уметноста.

Луѓето кои носат виолетова се пред сè емотивни и знаат што сакаат од животот.

Розова

Светло розова нијанса е бојата на жените кои сакат да флертуваат. За жените во позрели години, пожелни се меките нијанси кои даваат нишка на женственост.

Нежно розовата боја се смета за мирна, топла и женствена и претставува моќен седатив. Во многу затвори, ѕидовите се обоени токму во оваа боја за да се намали агресивност.

Луѓето кои ја сакаат оваа боја се романтични, оптимисти и праведни. Ја ценат љубезноста и удобноста.

Портокалова

Портокаловата се смета за топла и опортунистичка боја. Луѓето кои ја сакаат се весели, креативни и атрактивни. Тие носат оптимизам и позитивна енергија. Може понекогаш да се малку чудни, но, важно е дека се амбициозни и разумни.

crna-siva-crvena-bojata-koja-preovladuva-vo-vasiot-plakar-go-otkriva-vasiot-karakter-02.jpg

Сива

Како што сакаат да кажат стилистите- сивата е боја на рамнотежа, ниту темна, ниту светла,

Личностите кои преферираат сива боја, потајно сакаат да останат „невидливи“. Сивата и нејзините нијанси се симбол за мир и зрелост.

Луѓето кои сакаат сива боја се подготвени да ги почитуваат сите правила, разумни се, категорични и не премногу емоционални. Во повеќето случаи, оние кои ја преферираат оваа боја не сакаат да привлекуваат внимание и сакаат да останат неутрални.

Црвена

Црвената боја секогаш се врзува со страст и моќ. Ако сакате да импресионирате некого или да го уверите во нешто, дајте и предност на оваа боја.

Психолозите тврдат дека жените кои носат црвено им се попривлечни на мажите и дека ги возбудуваат повеќе.

Оние кои носат често црвено се паметни, себични и имаат енергичен живот.

Жолта

Жолтата е боја на среќата, сонцето и насмевките.

Оваа боја го зголемува производството на серотонин (хормонот на среќата) во мозокот, го забрзува метаболизмот и го подобрува расположението. Ја зголемува концентрацијата и привлекува внимание – затоа често се користи на реклами, патокази и улични одбележувања.

Луѓето кои сакаат жолта боја се активни, креативни личности. Тие се авантуристи, фантазери, секогаш подготвени за истражување и освојување.

Бела

Белата е симбол на чистота, невиност и едноставност. Таа ги привлекува луѓето кои ја сакаат слободата и мирот. Овие луѓе се вредни и организирани, сакаат нови почетоци и тежнеат кон водење совршен живот.

Белата е неутрална боја и ретко ги одбива другите.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg