Мапа со најчестите презимиња во земјите низ светот – Кое е кај нас?
Денес општеството е поразновидно од кога било, но презимињата со години остануваат исти и ни кажуваат многу за нашето потекло.
Ова ја натерало фирмата NetCredit да направи навистина интересна мапа, на која се прикажани најчестите презимиња во секоја држава ширум светот.
Најчестото презиме во светот е Ванг, кое потекнува од Кина и на мандарински значи „крал“. Околу 76 милиони луѓе ширум светот го носат ова презиме.
На некој начин, прикажано e и потеклото на презимето. Oдносно, дали е наследено од таткото или добиено според локација, според професија и слично.
Од мапата можеме да видиме и кои се најчестите имиња во регионот. Па, најчестото презиме во Бугарија е Иванов, во Србија - Јовановиќ, во Грција - Пападопулос, во Албанија - Хоџа, а во Македонија, пак, најчестото презиме е Стојановски.
Според NetCredit, податоците на мапата се собрани во август 2019-та, од порталот Forebears.
Овде можете да ја погледнете мапата и во поголема резолуција.
Спирова С. | Црнобело