Не земајте салфети од друга маса, телефоните нека ви стојат во чанта - што ги нервира келнерите?

Повеќето луѓе, веројатно и вие, се жалат за услугата и храната во ресторанот дури откако ќе се најдат и сакаат да платат.

kelneri-spodeluvaat-koi-se-najloshite-raboti-shto-gi-pravat-mushteriite-01.jpg

Но, знаевте ли дека келнерите сакаат веднаш да им кажете ако има проблем за да можат да го решат што е можно побрзо?

Можеби само се обидувате да бидете учтиви, но келнерите и келнерките од Reddit решија да споделат кои се најлошите работи што ги прават гостите, без воопшто да бидат свесни за тоа.

Погледнете што не би требало да правите во ресторан:

„Можеби звучи чудно, но мразам кога гостите не кажуваат дека има некаков проблем, сè додека не дојде време да платат. Тогаш е веќе доцна да се реши проблемот.“

„Повеќе не работам во ресторан, но сакам да нагласам дека не е во ред кога гостите ни ја земаат чинијата од раце кога сакаме да ја ставиме на масата. Особено ако станува збор за супа.“

kelneri-spodeluvaat-koi-se-najloshite-raboti-shto-gi-pravat-mushteriite-05.jpg

„Гостите не треба да се обидуваат самите да ја исчистат масата. Така само ќе направат поголем неред.“

„Под стрес сум кога гостите го оставаат телефонот на масата. Страв ми е дека ќе истурам нешто врз него.“

„Кога ќе ви ја покажеме масата, ве молам не бидете пребирливи. Сакаме да ве услужиме што е можно подобро, но понекогаш не можеме да ви ги исполниме сите желби.“

kelneri-spodeluvaat-koi-se-najloshite-raboti-shto-gi-pravat-mushteriite-0106.jpg

„Не сакам кога луѓето седнуваат на валкана маса и се прашуваат кога ќе ги услужиме. Ако сме премногу зафатени и сами сте седнале на валканата маса, не можеме да направиме многу.“

„Не е во ред кога им дозволувате на децата сами да порачуваат, а ние сме премногу зафатени и немаме време да чекаме 10 минути за детето да се одлучи.“

kelneri-spodeluvaat-koi-se-najloshite-raboti-shto-gi-pravat-mushteriite-03.jpg

„Не ми се допаѓа кога луѓето ги земаат салфетите од другата маса. Ве молам само побарајте и ќе ви дадеме еден куп салфети.“

„Не сакам кога луѓето не прават место на масата за нивната храна. Не ги тргаат телефоните, паричниците… А, јас сум со полни раце.“

„Ве молам не ги редете чиниите една врз друга. Не ни помагате со ова. Всушност, само ни отежнувате.“

kelneri-spodeluvaat-koi-se-najloshite-raboti-shto-gi-pravat-mushteriite-04.jpg

„Не ги ставајте салфетите во чашата откако ќе ги употребите. Се прават влажни и грозни, а ние треба да ги вадиме оттаму.“

„Не сакам кога има некој со многу гласно дете или кога му дозволува на детето да прави неред. Ова им создава дополнителен стрес на келнерите, бидејќи никој не сака да слуша врева, а потоа има уште многу за чистење.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg