Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Одлична фризура. Многу поубава од претходната“ - какви комплименти не треба да давате?

Сите сакаме искрени комплименти на сметка на нашиот изглед или достигнувања, а истите секогаш се добредојдени. Колку и да сме сигурни дека даваме сé од себе, понекогаш ни треба поттик однадвор. 

Kakov vid na komplimenti treba da se izbegnuvaat 01

Најмногу сакаме кога ни кажуваат дека изгледаме младо, исполнето или дека имаме стил. Сепак, не е секој во можност да прифати комплимент или да го изрази на вистински начин кога го дава.

Веројатно сте се нашле во ситуација кога некој ве пофалил или ви се восхитувал, но истото звучело неискрено или премногу познато.

Можеби сте се запрашале дали станува збор за несмасна личност која има најдобри намери или ласкава личност која сака да им угодува на другите.

Дознајте какви видови комплименти треба да избегнувате:

Чести комплименти

Иако е убаво да се биде во можност да фалиме некого, постои мерка што треба да се има. Ако често ѝ давате комплименти на истата личност или пред истите луѓе, другите можеби ќе мислат дека ги земате здраво за готово.

Познато е дека ги цениме работите што се ретки, затоа не претерувајте.

Претерани комплименти

Веројатно ви се случило да дадете комплимент за тоа колку добро изгледа личноста во некоја облека, а се работи за секојдневни парчиња. Затоа, прилагодете ги зборовите зо пригодата и бидете искрени.  

Во спротивно, другата страна може да мисли дека имате скриени мотиви.

Kakov vid na komplimenti treba da se izbegnuvaat 02

Добро познати комплименти

Ако штотуку сте запознале некого, задржете се на општите комплименти. Восхитување на физичкиот изглед, како што се нечија боја на очи или изглед на тело, не се соодветни на ситуацијата, а можат да предизвикаат контра-ефект.

Од друга страна, со пофалби за стил или достигнување, нема да згрешите.

Комплименти со лоши намери

Дали некогаш ви се случило да добиете комплимент после кој не се чувствувате добро? Еден пример би бил: „Одлична фризура. Многу поубава од претходната.“

После ваквите зборови луѓето ќе помислат дека не изгледале убаво пред новата фризура. Затоа треба да се избегнуваат нејасни коментари.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg