Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како среќните луѓе ги трошат парите?

Знаеме дека има разлика во трошењето на богатиот и просечниот човек, но дали знаевте дека трошоците на среќните и несреќните луѓе се разликуваат?

kako-sreknite-lugje-gi-trosat-parite-001.jpg

На што и како трошат пари среќните луѓе?

Трошат на искуства.

Кога се работи за трошењето на големи пари, постои еден смешен феномен попознат како хедонистичка ветерница.

Тоа значи дека со текот на времето се навикнуваме на некои работи, а она што пред извесно време нè усреќувало, сега веќе не.

Купувате голема куќа и пресреќни сте, но по извесни години веќе куќата не ви се чини така голема.

Меѓутоа, со искуствата не е истиот случај. Искуствата не се споредливи.

Искуствата секогаш се поразлични од претходните. Денешното излегување во кафуле со пријателите ќе се разликува од излегувањето следната недела. Затоа, трошењето на пари на искуство ве прави посреќни.

Трошат на работи кои им заштедуваат време.

Секогаш можеме да заработиме повеќе пари. Но, не можеме да заработиме време. Што значи, доколку парите ги инвестираме како би заштедиле време – тоа секогаш е паметна инвестиција.

Трошат филантропски.

Луѓето се социјални суштества. Врските со другите луѓе нè прават среќни.

Па, ако платите кафе на пријателот, тоа е супер начин да ги искористите парите. Зошто? Посветувате време и внимание, а голема е веројатноста дека ќе го добиете истото за возврат.

Што значи, од својата инвестиција добивате две одлични, квалитетни кафиња.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg