Зошто неспособните луѓе мислат дека се способни?
Дури и ако никогаш не сте слушнале за ефектот Данинг-Кругер, сигурно сте го виделе: неискусен политичар со цврст став за светските прашања, филмска ѕвезда што води војна со науката, самопрогласен експерт за берза кој губи пари и сл.
Ефектот Данинг-Кругер е чудна појава во која неквалификувани или необразовани лица ги преценуваат своите способности.
Психологот Дејвид Данинг одамна ја проучувал свеста на луѓето за нивните процеси на размислување - поле на наука познато како метакогнификација.
Во 1999 година, Данинг и неговиот тогашен студент Џастин Кругер, објавиле труд наречен „Невешти и несвесни: како тешкотиите во препознавањето на вашата неспособност водат кон надуена самопроцена “.
Во овој труд се спроведени многу експерименти во кои студентите требало да проценат колку се смешни некои шеги (во споредба со оценките на професионалните комичари), да најдат граматички грешки и да одговорат на прашања што имаат врска со логичкото размислување.
Оние што ги решиле тестовите најлошо мислеле дека ги решиле најдобро. Интересно е што оние кои постигнале најдобри резултати често ја потценувале нивната способност.
Во трудот, научниците ја презентираат тажната вистина: некомпетентните луѓе не знаат дека се неспособни, затоа што нивната неспособност не им дозволува да сфатат колку се некомпетентни.
Интересно е што, во многу случаи, неспособноста не ги прави луѓето дезориентирани, збунети или претпазливи. Наместо тоа, неспособноста честопати е благословена со несоодветна самодоверба.
Лесно е да им се суди на другите, зарем не? Всушност, ефектот Данинг-Кругер не ги штеди луѓето: сите го правиме тоа без да знаеме. Колку и да мислиме дека знаеме секогаш постојат области за кои не знаеме ништо, но мислиме дека знаеме.
Ако ова ве нервира, Данинг има неколку зборови за утеха: „Со текот на годините, станав сигурен во еден, сеопфатен факт за неукиот ум. Не треба да размислуваме за него како неинформиран. Подобро е да размислуваме за него како за погрешно информиран ум “.
Ова значи дека неукиот ум не е празен, туку едноставно полн со дезинформации.
Ашера | Црнобело