9 работи кои ќе ви помогнат да „преживеете“ по пијаната вечер

Главоболка, мачнини, омалаксаност, дехидрираност.. Симптоми кои укажуваат дека веројатно „малку“ сте претерале со алкохолот минатата вечер.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 01 630x340.jpg

Чувство кое за љубителите на алкохолот е повеќе од познато.

За жал, сѐ уште не постојат сигурни докази кои сугерираат дека одредена конвенционална или комплементарна интервенција е ефикасна за спречување или лекување на мамурлакот од алкохол.

Една британска студија вели дека мамурлакот доаѓа ако мешате повеќе видови на алкохол или пак ако испиете повеќе од пет пијалаци (зависи од личност до личност).

Кога би можеле да го вратите времето, можеби би биле поумерени, но бидејќи таквото нешто е невозможно, каењето и нервирањето се залудни.  

Затоа, во продолжение ви предложуваме 9 работи кои ќе помогнат во намалувањето на мамурлaкот по пијаната вечер:

1. Наспијте се добро.

Мамурлaкот, во превод е данокот којшто го плаќаме по цената за добра забава. Првенственото нешто коешто треба да го направите е добро да се наспиете.

Спиењето е витална, честопати запоставена компонента на целокупното здравје и благосостојба на секоја личност, а во овие моменти и повеќе од потребна.

Квалитетниот сон по „бурната“ вечер навистина може да помогне.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 02 630x350.jpg

2. Пијте многу вода.

По неколкуте чашки вино или коктел минатата вечер веројатно се чувствувате дехидрирано, што е главниот виновник за вашата исцеденост и главоболките кои не ви даваат мир.

Вода, навистина многу вода е правиот избор.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 03 630x350.jpg

3. Засилете ја рехидратацијата со електролити.

Електролитите, вклучувајќи натриум и калиум му помагаат на вашето тело да ја задржи водата којашто му е потребна.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 04 630x350.jpg

4. Јадете јајца за појадок.

Бидејќи алкохолот е богат со шеќер, всушност шеќерот во вашата крв може да се спушти на многу ниско ниво. Значи, важна е храната која ја внесувате.

Јајцата имаат дополнителен бонус и содржат цистеин, аминокиселина која се спротивставува на токсичниот нуспроизвод на алкохолот.

Сепак, тоа е премногу? Започнете со нешто лесно како крекери, ориз или супа.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 05 630x350.jpg

5. Пијте чај од ѓумбир.

Покрај тоа што ќе го смири вашето гадење, исто така чајот од ѓумбир може да ја намали вашата вртоглавица. И повторно внесувате многу вода.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 06 630x350.jpg

6. Додадете мед во него.

Фруктозата (анегдотски и во некои истражувања) е корисна за да се забрза метаболизмот и побрзо да се „ослободите“ од алкохолот во организмот и мачнините.

Медот ви дава добар фруктозен тресок, а исто така и овошјето.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 07 630x350.jpg

7. Одете на прошетка на свеж воздух.

Тврдењата дека кислородот ги олеснува симптомите на мамурлакот во повеќе случаи се покажале како вистинити.

Откако добро ќе се одморите, излезете на свеж воздух и успорете го вашето дишење.

Зголемениот кислород помага на црниот дроб полесно да ги филтрира отровите од алкохолот во крвта.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 08 630x350.jpg

8. Џогирајте, трчајте или пешачете.

Во зависност од состојбата во која се наоѓате, односно степенот на вашиот мамурлук одберете една од трите зададени опции.

Вежбањето произведува ендорфини (засилувачи на расположението) што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро за навистина брзо време.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 09 630x350.jpg

9. Јадете месо, грав и леќа.

Откако сте појадувале и полека почнувате да се враќате во нормала, особено важен е квалитетниот ручек.

Месото, гравот и леќата се вистинските извори на разни енергични витамини, вклучувајќи го витамин Б, кој е навистина неопходен по мамурна вечер.

9-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-„prezhiveete“-po-pijanata-vecher 10 630x350.jpg

И за крај, не заборавајте да ги изговорите оние пет магични зборови: „Од утре веќе не пијам“.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg