Работи од кои треба да се откажете за да го свртите животот за 180 степени

Учиме нови навики, развиваме нови вештини, купуваме нови книги или облека... се чини дека кога се опкружуваме со познати стари работи, се чувствуваме побезбедно.

Otfrlete gi ovie deset raboti I svrtete go zivotot za 360 stepeni 01

Наместо да собираме работи што нé прават среќни, зошто да не се откажеме од некои работи што веќе ги имаме? Збогувајте се со работите што повеќе не ви служат.

Многумина од нас го поминуваат животот опкружени со непотребен неред; хаос во форма на стари навики, размислувања, системи на верување, луѓе, стравови…

Отфрлете ги овие десет работи и „свртете го животот за 180 степени“:

1. Откажете се од изговори

Колку пати мислевте дека вашите изговори ве оддалечија од она што најмногу сакавте да го направите? Многумина од нас секојдневно користат изговори, бидејќи се чувствуваат „безбедно“ кога ги користат.

2. Откажете се обвинувања

Вашиот живот е ваша одговорност. Вашата среќа е ваша одговорност. Откажете се од потребата да ги обвинувате другите луѓе за вашата состојба во животот.

3. Откажете се од постојано жалење

Ако си дозволите да се жалите, секогаш ќе најдете нешто за што ќе се жалите. Не постои ситуација, личност или настан што ќе ве натера да ја изгубите моќта - освен ако не го дозволите тоа.

Моќта на позитивното размислување е нешто што не треба да се потценува.

Otfrlete gi ovie deset raboti I svrtete go zivotot za 360 stepeni 02

4. Откажете се од потребата секогаш да бидете во право

Да, никој не сака да биде во криво. Ова е една несреќна карактеристика на нашето его која може да нé одвлече во екстремен стрес, па дури и да ги загрози нашите односи. Сè за да можеме да кажеме – “ти реков“. Ова едноставно не се исплати.

5 .Откажете се од потреба за контрола

Изберете да се откажете од вашата потреба да контролирате сè што се случува со вас и околу вас. Настани, ситуации, луѓе што ги сакате, исходи...Вашето внимание треба да биде во сегашноста.

6. Откажете се од ограничени убедувања

Кои сте вие да кажете дали нешто е можно или невозможно? Вие сте неограничено суштество, вие ги создавате правилата . Откажете се од сите ограничени убедувања и создадете простор за големи, смели соништа.

Otfrlete gi ovie deset raboti I svrtete go zivotot za 360 stepeni 03

7. Откажете се од етикетите

Дали понекогаш ги нарекувате работите, луѓето или искуствата што не ги разбирате „чудни“ или „лоши“? Ако е така, време е да се откажете од овие етикети. Отворете го вашиот ум, којзнае каде може да ве однесе?

8. Откажете се од потребата да им угодувате на другите

Автентичен живот е среќен живот - престанете да се обидувате да ги задоволите другите луѓе и започнете да размислувате за тоа што вие го сакате.

9. Откажете се од стравот

Стравот сам по себе не постои; истиот е симптом, резултат на нашето воспитување, општество и наметнати искуства и системи на верувања на другите луѓе. Не дозволувајте стравот да ве спречува да го правите она што го сакате.

10. Откажете се од минатото

Кога ќе се откажете од минатото ќе можете да направите чуда за вашата сегашност и идна среќа. Понекогаш е примамливо да копнеете по минатото и посреќните времиња, но не треба да дозволите минатото да фрли сенка врз она што го имате сега.

Откажете се од минатото и фокусирајте се на сегашноста.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg