Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што да им подарите на луѓето кои водат здрав начин на живот?

Уште малку и ќе влеземе во новата година. Сите брзаме да купиме подароци за нашите пријатели.

Sto da im podarite na lugeto koi vodat zdrav nacin na zivot 01

Ако сте еден од оние кои бараат уникатен и корисен подарок, а имате луѓе кои водат здрав живот и уживаат во природните подготовки, ова е список на подароци што сигурно ќе ги воодушеви вашите пријатели и роднини.

Дифузер за есенцијални масла

Дали има нешто подобро од тоа да му подарите на некој дифузер за есенцијални масла? Пронајдете дифузер кој има вградена светлина, така што релаксирачката атмосфера ќе биде уште поубава.

Можете, исто така, да додадете малку есенцијално масло во подарокот. Ако не знаете што да изберете, изберете лаванда. Сите сакаат лаванда.

Природен дезодоранс

Дезодорансите што ги купуваме во аптеките се претежно полни со алуминиум и други штетни состојки, што никогаш не треба да ги ставаме на нашата кожа.

Купете дезодоранс направен со природни состојки, рачно изработен и во убава амбалажа. Лицето кое сака природна козметика ќе ви биде благодарно за овој прекрасен подарок.

Sto da im podarite na lugeto koi vodat zdrav nacin na zivot 03

Персонализирано шише за вода

Ако вашите пријатели сакаат да трчаат или пешачат, да возат велосипед или се занимаваат со друга активност, купете им персонализирано шише за вода со нивното име, гравура на планина, велосипед, топка или можеби некој цитат што го дефинира вашето пријателство.

Јога подлога

Нова јога подлога е одличен избор за подарок. Обидете се да пронајдете нешто уникатно, што исто може да биде персонализирано на некој начин.

Bullet journal

И ова е секако одлична идеја за подарок. Дневник во кој вашите најблиски ќе пишуваат, цртаат, или лепат прекрасни моменти што ги чекаат во наредната година.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg