Street Fighter, Warcraft, The Sims – Видео игри кои ни ја одбележаа младоста
Ех, каде се тие времиња кога сите деца од маало се собиравме кај некој дома и игравме видео-игри, јадејќи смоки и пиејќи сок на растворање.
Тоа беа денови каде покрај криенки, играње џамлии, знаевме да земеме оддишка и по дома. Игравме нинтендо, компјутери и Play Station, кога се појави.
Во главно летниот распуст ни го дозволуваше тој благодет или викендите за време на школските недели. Колку само би се вратил во тој безгрижен период, каде најмногу нè засегаше дали ќе го победиме „непријателот“ во игрите или не.
Да не речеме дека премногу сме остареле, во продолжение следува листа на видео-игри, кои и до ден денес носат пријатни спомени. А, голем дел од нив имаат и свои продолженија.
Не постои човек-љубител на видео игри, кој барем еднаш не одиграл партија Street Fighter II: The World Warrior. Сите се сеќаваме на брзите нозе на Чан-Ли, или молскавичните раце на Хонда. Кој беше вашиот омилен карактер?
На флипери ја игравме и Cadillac. Колку само жетони требаше да потрошиме за да стигнеме до крај.
Quake III: Arena исто така беше голем предизвик тоа време.
Е ова е лудница од игра. Serious Sam 2 беше за сите оние кои со моќно оружје сакаа да убиваат еден тон монструми. Ем напнато, ем забавно во исто време.
Легендарната Resident Evil 2 никогаш да стане здодевна. Уште е популарна, па Capcom продолжија да прават римејкови на првите дело. Во пролет 2020 излегува преработката на третиот дел. Едвај чекам!
Tomb Raider: The Angel of Darkness е уште една франшиза што сè уште живее помеѓу гејмерите. Ни самиот не знам колку веќе продолженија има. Изгледа дека приказната за Лара Крофт ќе живее уште многу децении.
Кога сме веќе кај стратегии, со часови знаевме да ја играме Warcraft III.
Или незаменливата Red Alert 2.
Некаде мора да ставиме точка. Знам дека ги има премногу. Завршуваме со The Sims. Тоа е игра која ти овозможува да се однесуваш како Господ. И тоа сите го сакавме.
Автор: Е. Х. | Црнобело