За што најмногу ќе се зборува во декември?

Започна пред-празничната еуфорија, уште недостасува снегот за да ја исполни зимската идила. Годината полека се ближи кон својот крај, на лично и на глобално ниво. Сепак, има уште многу време за изненадувања и позитивни промени.

Za sto najmnogu ke se zboruva vo dekemvri 01

Декември може да биде увертира за добар почеток на следната година, а се чини дека некои теми во шоубизнисот се во фокусот на интересот деновиве.

Доколку ве интересира за кои работи најмногу ќе се зборува во наредните денови, прочитајте го текстот:

Тејлор Свифт

Оваа пејачка не престанува да го привлекува вниманието на јавноста, но се чини дека влегуваме во период кога многу ќе се зборува за неа.

По забележителниот настап на Американските музички награди, околу кои се крена прашина, Тејлор ја чека номинацијата за наградата Woman of the decade, како и хит премиерата на нејзиниот нов  филм „Cats“ и доделувањето на Греми наградите.

Za sto najmnogu ke se zboruva vo dekemvri 02

Празничен блуз

Никој не е имун на празничното расположение, кое може да биде полно со радост, но и вознемиреност и чувство на тага.

Додека живееме во ера на Инстаграм, се очекува декември да биде месец на споделување исповеди и поддршка за оние што тагуваат поради Божиќ и Нова година.

Za sto najmnogu ke se zboruva vo dekemvri 03

Познати личности во пижами

Кристен Бел го започна трендот на пижами, откако објави фотографија од нејзиниот реален брачен живот. Потоа, Карди Би во пижама одговараше на прашања за Вог.

Бидејќи декември е месец на зимски одмори, скијање, дремка и „хиге“ моменти, јасно е дека социјалните мрежи ќе бидат преплавени со ѕвезди во пижами.

Za sto najmnogu ke se zboruva vo dekemvri 04

Филм „Little Women“

Оскарите се приближуваат, а еден од филмовите што ќе се бори за оваа престижна филмска награда ќе биде филмот „Little Women“. Премиерата се очекува на 25 декември, а режијата ја потпишува актерката Грета Гервиг.

Покрај овој филм, очекуваме да го видиме и филмот „Ема“, заснован на романот на Џејн Остин, додека за „Војната на Ѕвездите“ не треба ни да дадеме објаснување зошто ќе биде тема овој месец.

Секако ќе се зборува многу за филмови во декември.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg