Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Направете ја 2020-та најдобрата година досега - Моќни мантри што ќе го променат вашиот живот

Ако ги промените вашите мисли, ќе го промените и вашиот живот. Треба секојдневно да си кажувате позитивни нешта доколку сакате да го подобрите квалитетот на животот.

napravete-ja-2020-ta-najdbrata-godina-dosega-mokjni-mantri-shto-kje-go-pormenat-vashiot-zhivot-01.jpg

Сепак, за да забележите каква било промена, потребно е време, па бидете трпеливи.

Постојат две моќни мантри што ќе ви помогнат во ова. Почнете да ги користите уште сега за да ја направите 2020-та година на позитивни промени.

Прва мантра: Јас сум херој на мојот живот

Секој ден со себе носи непредвидливи околности. Никогаш не знаете дали во текот на денот ќе се соочите со разочарување, лоши вести или што било негативно.

Но, вие можете да одлучите како ќе реагирате на секоја ситуација.

Ако на секој проблем „одговорите“ со реченицата „Јас сум херој на мојот живот“, на вашата потсвест ѝ праќате порака дека сте ментално силни.

napravete-ja-2020-ta-najdbrata-godina-dosega-mokjni-mantri-shto-kje-go-pormenat-vashiot-zhivot-05.jpg

Кога ќе донесете одлука да бидете херојот на вашиот живот, ќе можете да го направите вистинскиот избор во лошите моменти.

Во овие ситуации, наместо да се сожалувате или да обвинувате некој друг, запрашајте се што можете да направите за да го решите проблемот.

Оваа мантра ќе ви биде потсетник дека вашите избори зависат само од вас. Среќата, успехот или пропаста ги одбирате само вие.

Можете да постигнете што и да сакате, но најпрво треба да размислувате позитивно.

Втора мантра: Јас можам да направам што и да посакам

Во новата година бестрашно пробувајте нови нешта.

Неретко, луѓето чувствуваат страв да излезат од нивната удобна зона, а овој страв не е заснован на ништо. Затоа, терајте се себеси да правите работи за кои порано сте се двоумеле или плашеле.

napravete-ja-2020-ta-najdbrata-godina-dosega-mokjni-mantri-shto-kje-go-pormenat-vashiot-zhivot-02.jpg

Доколку не пробате, никогаш нема да знаете што и колку можете.

Никогаш нема да станете писател ако не пишувате. Никогаш нема да станете танчар ако не почнете да танцувате. Никогаш нема да имате сопствен бизнис ако не го направите првиот чекор. 

Никогаш нема да успеете ако не се обидете.

napravete-ja-2020-ta-najdbrata-godina-dosega-mokjni-mantri-shto-kje-go-pormenat-vashiot-zhivot-03.jpg

Доколку ја храните потсвеста со позитивни мисли, тоа ќе се одрази на вашиот живот. Вие сте родени без ограничувања и можете да постигнете и да направите што и да замислите.

Не заборавајте дека поголемиот дел од пречките се само резултат на вашите негативни мисли.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg