Препознајте дали сте „контрол фрик“ - тие се секогаш во право и знаат што е најдобро
Нивната потреба за контрола честопати произлегува од хаосот и притисокот што го чувствуваат, а се карактеризира со ставот дека другите треба да се променат, затоа што тие знаат подобро.
Во психологијата, „контрол фрик“ се карактеризира со потреба да ги контролира другите, што обично се манифестира во нивното однесување, бидејќи се обидуваат да диктираат како работите треба да се одвиваат во некоја ситуација.
Терминот за прв пат се користеше во седумдесеттите години на минатиот век.
Ова се 8 знаци дека сте „контрол фрик“:
1. Верувате дека би биле посреќни доколку некој би сменил една или две особини, па затоа сакате да им „помагате“ да го сменат однесувањето, упорно нагласувајќи и коментирајќи ги овие „недостатоци“.
2. Управувате со другите да ги исполнат вашите, често, нереални очекувања. Не прифаќате несовршеност и мислите дека и другите треба така да размислуваат.
3. Го карактеризирате туѓото однесување како добро или лошо и со пасивна агресија ги охрабрувате другите да одговараат на вашите очекувања. Седење во тишина, што испраќа обвинителна порака до другите, е најочигледната форма на контрола.
4. Нудите „конструктивна критика“ за да им помогнете на другите да напредуваат за да ги исполнат вашите очекувања.
5. Се обидувате да се промените себе си, или своите верувања, за другите да ве прифатат. Наместо да бидете свои, се обидувате да управувате со другите, контролирајќи ги нивните впечатоци за вас.
6. Кога работите не одат според план користите страв за да влијаете на нечие однесување во обид да го насочите во саканата насока („Не мораш, но тогаш може да се случи…“).
7. Тешко толерирате двосмисленост, ситуации кога не знаете нешто или не сте свесни за нешто.
8. Интервенирате во име на другите, обидувајќи се да им го објасните своето однесување.
Верувајќи дека промената на туѓото однесување ќе влијае на вашата среќа, вие всушност ги правите другите луѓе одговорни за вашите чувства. Сепак, само вие сте одговорни за квалитетот на врската со другите луѓе.
Наместо да се обидувате да ги контролирате, работете на тоа да бидете „подобра верзија на себе“.
Ашера | Црнобело