Луѓето секогаш сакаат да ве искористат - 6 цинични работи што не се секогаш вистинити
Да се биде циничен е вид на одбранбен механизам: ако ги задржите надежите на ниско ниво, веројатно нема да бидете премногу разочарани кога работите нема да одат како сте замислите...
Но, постои нешто како премногу цинизам. Многу идеи, што песимистите ги третираат како неискажани правила, едноставно не се вистинити и можат да направат повеќе штета отколку добро.
Ова се 6 цинични работи што не се секогаш вистинити:
1. Да се биде груб е да се биде реален и искрен
Постои едно мислење дека доколку сте груби тоа само ќе покаже колку сте искрени. Секој, без разлика дали има лошо или добро мислење за истото, заслужува барем малку да го почитувате.
Не мора да бидете пријатели со сите луѓе, но нема причина да бидете груби и неучтиви кон другите.
2. Бракот е само стапица
За бракот да биде успешен потребно е време и труд. Луѓето треба да се грижат и да се жртвуваат едни за други. Бракот може да биде стапица, но само доколку самите направиме да е така.
3. Луѓето секогаш сакаат да ве искористат
Кога мислите дека луѓето се обидуваат да добијат нешто од вас, тогаш на некој начин, се ставате себеси на одреден пиедестал. Секој е херој на сопствената приказна.
Со други зборови, луѓето имаат свој живот и свои проблеми, така што веројатно нема да го трошат своето време размислувајќи за вас и за тоа како да ве искористат.
4. Децата само земаат, но не враќаат ништо назад
Овој циничен стереотип е сосема погрешен. Децата ни даваат многу: љубов, дружба и можеби најважното - добиваме некој што ќе се грижи за нас кога ќе остариме.
На крајот на краиштата, често забораваме дека сите некогаш сме биле деца.
5. Секогаш треба да бидете подготвени за најлошото
Не го трошете времето на песимизмот. Животот е полн со добри и лоши работи кои се често надвор од наша контрола. Доколку постојано очекувате да ви се случи нешто лошо, нешто лошо ќе ви се случи, очекувале или не. Истото важи и за добрите работи.
6. Наивноста е знак на слабост
Да се претпостави дека некој е неук само затоа што е малку наивен, е исто како да претпоставите дека секогаш знаете што е најдобро. Со други зборови, секој начин на размислување има свои предности и недостатоци. Покрај тоа, првиот впечаток секогаш може да ве излаже.
Ашера | Црнобело