За да бидете среќни ви требаат само четири работи

Денес можете да прочитате и слушнете безброј „рецепти“ за среќа, но колку од нив навистина функционираат?

za-da-bidete-srekjni-vi-trebaat-samo-4-raboti-01.jpg

Повеќето од овие совети се од обични луѓе кои веројатно не го ни применуваат она што ви го кажале. Па, кога станува збор за среќата, изгледа најдобро е да им веруваме на професионалците.

Невролозите го минуваат целиот нивен живот проучувајќи го мозокот, па сигурно знаат нешто повеќе за среќата.

Американскиот невробиолог Алекс Корб решил да сподели што всушност ни е потребно за да бидеме среќни, а листата е навистина кратка:

Најважното прашање

Кога се чувствувате навистина лошо и несреќно, поставете си го прашањето: Зошто сум ѝ благодарен на судбината?

Можеби прво ќе помислите каква врска има благодарноста со среќата, но изгледа дека нивната поврзаност е важна.

Чувството на благодарност може да го поттикне создавањето на допамин. А, еден од најдобрите ефекти на благодарноста е зголемувањето на нивото на серотонин во организмот.

Кога размислувате за што сте ѝ благодарни на судбината или на животот, почнувате за се фокусирате на позитивните работи. Ова е навистина едноставен начин да го поттикнете лачењето на серотонин и да се чувствувате подобро.

za-da-bidete-srekjni-vi-trebaat-samo-4-raboti-02.jpg

Зборувајте за негативните чувства

Доколку се чувствувате лошо, обидете се да ги дефинирате емоциите. Запрашајте се дали станува збор за тага, грижа, незадоволство и слично. Изгледа дека со самото ова можете да се почувствувате многу подобро.

Во едно истражување, на испитаниците им биле покажувани фотографии од луѓе со разни емоции. Притоа се набљудувале реакциите на нивните мозоци.

Како што се очекувало, амигдалата на испитаниците реагирала на прикажаните емоции. Но, кога испитаниците биле замолени да и именуваат емоциите, се активирал друг дел од мозокот, а активноста на амигдалата опаѓала.

Со други зборови, именувањето на емоциите го намалува нивното влијание врз вас.

za-da-bidete-srekjni-vi-trebaat-samo-4-raboti-03.jpg

Донесете одлука

Ви се случило ли да донесете некоја важна одлука, а потоа да се чувствувате „полесно“? Ова дефинитивно не е случајно.

Невробиологијата покажува дека донесувањето одлуки ги намалува грижите и вознемиреноста, а помага и во решавањето проблеми.

Кога донесувате одлука за што било, вие си поставувате и цел, а сето ова има позитивно влијание врз префронталниот кортекс и се намалуваат грижите и немирот.

Покрај тоа, донесувањето одлуки ги намалува негативните импулси. Односно, размислувате пред да направите нешто.

Донесувањето одлуки ја менува и вашата перцепција за светот – нешто што помага во наоѓањето решенија.

za-da-bidete-srekjni-vi-trebaat-samo-4-raboti-04.jpg

Зближете се со другите

Едно истражување покажало дека кога се соочени со одбивање, мозокот на луѓето реагира исто како и на физичка болка. Ова значи дека ако некој ве одбие за што било, вашиот мозок може да реагира како да сте си ја скршиле ногата.

Социјалното одбивање го активира предниот кортекс и централниот дел од мозокот – исто како и физичката болка.

Со други зборови, вашите односи со другите луѓе се многу важни за мозокот. Па ако сакате да се чувствувате подобро, бидете поблиски со вашите сакани.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg