5 токсични очекувања кои ви го уништуваат животот
Реалноста ја создаваат ставот и очекувањата, a сега и когнитивната наука го потврдува истото. Неодамнешното истражување покажа дека луѓето кои веруваат во себе и користат позитивен говор, всушност, имаат поголема сила да ги надминат пречките во животот.
Затоа не треба да ве изненади што повеќето незадоволни луѓе се незадоволни од истите причини - затоа што имаат токсични очекувања што создаваат негативна реалност.
Овие неколку очекувања најмногу можат да ви го уништат животот:
1. Можностите ќе се појават сами
И покрај тоа што се трудиме да се поврземе со нашата интуиција и да ги видиме знаците на Универзумот, тоа не значи дека треба да се откажеме од активно барање можности.
Поради очекувањето дека сите најдобри опции во вашиот живот едноставно ќе се случат ќе ве ограничи и ќе ве остави на милост и немилост на туѓите каприци.
Наместо тоа, прифатете дека е потребен одреден степен на напорна работа за речиси секој вид успех.
2. Сите треба да ме сакаат
Суровата вистина е дека никогаш нема да ве сакаат сите луѓе, без разлика колку и да сакате. Кога ќе престанете да го очекувате ова ќе ги поставите темелите на значајните врски и постепено ќе изградите доверба и почит.
3. Животот ќе биде фер
Сите сме слушнале дека животот не е фер, но дури и ако го знаеме ова теоретски, ретко сакаме да го прифатиме. На потсвесно ниво, многу луѓе сè уште очекуваат дека сите работи ќе се избалансираат во нивниот живот.
Ако очекувате дека работите ќе се случат сами од себе, време е да заземете проактивен став. Запрашајте се што можете да направите за да ја промените ситуацијата и престанете да верувате дека имате „лоша среќа.“
4. Луѓето можат да читаат мисли
Ова очекување е особено проблематично во романтичните врски, но може да предизвика проблеми во сите сфери на животот.
Во суштина, ако претпоставиме дека луѓето секогаш ќе знаат што сакаме да кажеме, нема да се обидуваме да ги разјасниме работите, а резултатот е ќе биде - никој не ме разбира.
5. Материјалните работи ќе ме направат среќен
Се разбира, постојат работи што го прават животот полесен, позабавен и попријатен. Како и да е, не паѓајте во оваа стапица. Натрупување со предмети нема да ви донесе вистинска среќа.
Доколку не можете да го најдете вашето вистинско значење и емоционално исполнување, што е вистинското задоволство, ниту една материјална работа нема да ве направи среќни.
Ашера | Црнобело