Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да имате продуктивен викенд?

Ако понекогаш чувствувате дека работната недела ви поминува многу бавно, а викендот многу брзо, можеби е време да направите нешто во врска со тоа.

Kako-da-imate-produktiven-vikend-01.jpg

Клучот е во добра организација и планирање на активности. Планирањето на викенди ќе ви помогне да се организирате.

Доколку немате идеа како, ова се неколку начини што можете да ги испробате:

1. Искористете ги утрата

Дополнителна шолја кафе или спиење дополнителни 20 минути ќе ви овозможи лесен почеток на денот. Сепак, не дозволувајте тоа да ви ги наруши добрите навики. Излезете од кревет и вежбајте.

Вежбањето дома е одличен начин да издвоите неколку минути само за себе тој ден.

2. Не оставајте сè за викенд

Ако сте тип на личност која ги остава сите обврски за викенд, тие два дена ќе се претворат во лудница. Обидете се да ја преместите рутината. На пример, чистете во четврток или извршувајте ги помалите задачи во текот на целата недела.

Истиот принцип може да се примени и за забавни работи! Ако се обидувате да го надоместите времето со луѓето во сабота или недела, ќе го изгубите викендот и нема да имате време за себе.

Дружете се и во текот на неделата. Не ги оставајте сите обврски за викенди.

Kako da imate produktiven vikend 02

3. Размислувајте на 3 начини

Обидете се да размислувате за викендите на три различни начина - што треба да направите, што не мора да направите и што учите да правите.

Она што треба да го направите дефинитивно ќе остане во вашиот календар, затоа заборавете на овие работи во текот на викендот и препуштете се на потрагата по ново хоби. Научете да направите нешто ново!

4. Дајте ѝ структура на вашата работа

Денес е неизбежно работата да се пренесе и на викендите. Било да се работи за прегледување на електронската пошта или големи проекти, некои работи едноставно не можат да се направат од 8 до 16 часот.

Ако често сте во ваква ситуација, дајте ѝ структурата на вашата работа. Не работете цел викенд, бидејќи ќе завршите со чувство како да не сте се одмориле.

Kako da imate produktiven vikend 03

5. Поставете „технолошки граници“

Успешните луѓе поставуваат правила за е-пошта и телефони за себе и за луѓето со кои работат. Значи, нивните соработници знаат дали ќе бидат на располагање и во кое време. Поставете технолошки граници и не дозволувајте да ви пречат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg