30 лекции кои секој треба да ги научи и примени до 30-тата година
30-тиот роденден е важен момент во вашиот живот. Ова е периодот кога не само што сте возрасна личност, туку и почнувате да се чувствувате така.
Истовремено, ова е период кога треба да заборавите на верувањата и традициите што ви биле наметнати. Ова е период кога треба да почнете да го живеете животот со полни гради.
А, ова се 30-те работи што треба да ги научите и направите до 30-тиот роденден, за да го живеете вашиот најдобар живот.
1. Ранливоста и нежноста не се знак за слабост. Всушност, кога си дозволувате да бидете ранливи, вие покажувате неверојатна храброст и сила.
2. Не можете да контролирате сѐ. Животот и луѓето се непредвидливи и повеќето ситуации се надвор од ваша контрола.
3. Треба да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот. Без разлика дали ова е пријател, партнер, па дури и член од семејството, не заслужувате некој да ја краде вашата среќа.
4. Заборавете ја личноста што не ви ја возвраќа љубовта. Личноста што ја сакате не треба да ве повредува.
5. Престанете да им верувате на изговорите на другите луѓе. Штом некој ја повторил истата грешка неколкупати, тоа е знак дека не се грижи за вашите чувства.
6. Љубовта на вашиот живот не мора да биде друга личност. Сосема во ред е ако вие, вашата кариера или вашата страст кон нешто е љубовта на вашиот живот.
7. Вашата среќа зависи само од вас. Никој друг не може да биде одговорен за неа.
8. Престанете да живеете според очекувањата на другите. Колку и да се трудите, никогаш нема да ги задоволите сите.
9. Ослободете се од идеологиите и вредностите наметнати од родителите. Почитувајте ги нивните верувања, но не мора да го живеете животот според нив.
10. Понекогаш треба да бидете себични. Престанете да ги правите другите приоритет и фокусирајте се на вашата среќа.
11. Престанете да го мерите успехот според вредностите наметнати од општеството. Вашиот живот не е листа со обврски зададени од општеството што вие треба да ги исполните.
12. Заборавете на сомнежот. Никој нема да верува во вас колку вие самите.
13. Престанете да се критикувате. Простете си за грешките од минатото, научете ја лекцијата од нив и бидете добри кон себе.
14. Ослободете се од вашите несигурности. Престанете да се фокусирате на вашите слаби страни и дајте го најдоброто од себе за вашите цели.
15. Престанете да се споредувате со другите. Ова е рецепт за несреќа.
16. Научете да го сакате вашето тело. Вие сте убави, без разлика кои се општествените стандарди за убавина.
17. Ослободете се од деструктивните навики. Без разлика зошто и кога сте ги развиле, секогаш можете да направите промена.
18. Заборавете на нерационалното донесување одлуки. Немојте да бидете импулсивни и добро размислувајте за вашите одлуки.
19. Престанете да ги обвинувате другите за вашите грешки. Понекогаш, вие сте токсичната личност во вашиот живот, па наместо да ја барате вината кај другите, размислете за вашите одлуки и постапки.
20. Не го чекајте совршениот момент. Вистината е дека тој не постои и никогаш нема вистински да бидете подготвени за нешто. Живејте во моментот и зграпчете ја секоја можност.
21. Ослободете се од стравот да бидете среќни. Можеби не знаете како изгледа вистинската радост, но време е да си дозволите да ја почувствувате.
22. Ослободете се од стравот од љубов. Излезете од вашата школка, дозволете си да бидете ранливи и љубете со целото срце.
23. Заборавете на вашата гордост. Сигурно не сакате да изгубите некој или нешто само затоа што сте биле премногу горди.
24. Помирете се со извинувањата што никогаш не сте ги слушнале. Не трошете ја енергијата на луѓе кои ве повредиле.
25. Немојте да мислите дека самотијата е нешто лошо. Научете вистински да уживате во вашето друштво.
26. Не треба секогаш да го слушате разумот наместо срцето. Всушност, секогаш слушајте го вашето срце.
27. Посесивноста и љубомората не ви се од корист. Вашиот партнер не ви припаѓа вам и не ги поседувате вашите пријатели. Престанете да се грижите дека ќе загубите нешто и уживајте во она што го имате.
28. Заборавете ги лажните совети и приказни што сте ги слушнале. Гледајте го светот со ваши очи и сами донесете заклучок.
29. Напуштете го работното место што го мразите. Не плашете се да ја направите промената што ви треба и барем обидете се да ги исполните вашите цели.
30. Излезете од вашата удобна зона. Дури тогаш ќе почнете вистински да живеете.
Спирова С. | Црнобело