Не ја ставајте работата пред семејството и пријателите – Животни мудрости од старите луѓе

Неодамна била спроведена анкета за луѓе постари од 60 години. Темата на анкетата e каков совет би им дале постарите на современите млади луѓе.

ne-stavajte-ja-rabotata-pred-semejstvoto-i-prijatelite-zhivotni-soveti-od-postarite-lugje-01.jpg

Иако ова е навидум едноставно прашање, дел од одговорите биле навистина неочекувани, но многу добри.

Во продолжение прочитајте ги најдобрите совети што ги споделиле старите:

1. Можете да имате долг или краток живот – тоа никој не го знае. Но како и да е, важно е да се грижите за здравјето уште во младоста.

2. Пријател е личноста која ќе ви дојде на помош, дури и ако ја повикате во 2 после полноќ. Останатите се само познаници.

3. Нема да ни да забележите како растат вашите деца. Затоа минувајте што е можно повеќе време со нив.

4. Најважната личност во вашиот живот е личноста која одлучила да го дели животот со вас.

5. Сè уште никој не умрел со желба да работел повеќе во животот. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред семејството, пријателите, и најважно, пред самите себе.

ne-stavajte-ja-rabotata-pred-semejstvoto-i-prijatelite-zhivotni-soveti-od-postarite-lugje-02.jpg

6. Ако сте уморни од животот, едноставно станете и размислете за сегашниот момент. Обидете се да уживате во она што е убаво и навистина важно за вас. Вдишете длабоко, опуштете се. Сфатете дека сè е релативно.

7. Имаме само еден живот. Немојте да се пробудите на 60 години и да сфатите дека не сте го направиле она за коешто сте сонувале целиот живот.

8. Веројатно ова не е некој мудар совет како другите, но сепак – мијте ги забите редовно, грижете се за нив, бидејќи проблемите со забите се грозни.

9. Не следете ги сите совети како правила. Можете да побарате совет од личност што ја цените, а потоа да размислите за вашата ситуација и да донесете сопствена одлука.

10. Предметите се само предмети. Не држете се за материјалните предмети. Држете се за времето и настаните.

ne-stavajte-ja-rabotata-pred-semejstvoto-i-prijatelite-zhivotni-soveti-od-postarite-lugje-03.jpg

11. Повредите што сте ги добиле денес, ќе зборуваат за вас во староста. Дури и ако мислите дека целосно сте ги излечиле. Верувајте!

12. Ценете го секој момент и секој детаљ. Во младоста секогаш ќе сакате сè одеднаш, сè веднаш. Но зошто да не пробате да ги цените ситниците. Не сме вечни, а најголемото задоволство што можеме да си го пружиме е да уживаме во секој момент. Наместо пишување пораки, јавете се на телефон и поразговарајте. Посетете ја мајка ви, без никаква причина. Впивајте го секој момент.

13. Плаќајте ги вашите сметки и држете се настрана од долгови.

14. Љубомората ги уништува односите. Имајте доверба во вашиот партнер. Ако не му верувате нему, тогаш на кој друг?

15. Ако имате неисполнет сон, морате барем да се обидите да се доближите до негово остварување. Бидејќи, со текот на времето ќе изгледа уште подалечен.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg