„Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“ - Изреки во кои веруваме сите, но не се секогаш вистинити
Во текот на животот, помеѓу сите успеси и неуспеси, сите добри и лоши нешта, секој од нас налетал на мудри изреки кои треба да бидат од помош.
Но, понекогаш слепо им веруваме на изреките, дури и на оние кои не се секогаш вистинити.
Ова се три доста познати изреки, кои сигурно сте ги слушнале барем еднаш во животот, но на кои не би требало да им верувате:
„Она што не ве убива, ве прави посилни“
Кога на некој ќе му се случи нешто лошо во животот, обично ја слуша оваа мудра изрека.
Според изреката, би требало секогаш да бидете позитивни и да ја гледате добрата страна на ситуацијата. Односно, да сфатите дека лошата ситуација ве направила посилна личност.
Но изгледа дека ова не е секогаш вистина. Болката, повредите, ударите, судбината, траумите – ова се нешта кои можат да ве ослабат. Ова се тешки моменти кои нема да ве направат посилни. Но она што сигурно ќе ве направи посилни, е вашето делување.
Односно, кога активно работите на тоа да преболите нешто, вие станувате посилна личност, бидејќи сте научиле нешто по пат.
„Прво работа, после забава“
Многу луѓе ги жртвуваат среќата и задоволството на сметка на нивната работа. Токму тоа го „проповеда“ и оваа изрека.
Но, не треба целиот живот да го посветите на работа и не треба целиот живот да ви се врти околу кариерата. Вашата работа ќе биде овде и утре, а убавите моменти со пријателите, семејството и саканите никогаш не можете да ги вратите.
Па, понекогаш подобро е да ја одложите работата за малку забава.
„Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“
Нештата би биле многу поедностави ако ова беше вистина. Ако секој би го добивал она што го заслужил и што го заработил. Но верувањето во оваа изрека доаѓа со неколку опасности.
На пример, ако некој наиде на некаква пречка или од која било причина „заглави“ во животот, веднаш претпоставуваме дека е негова вина. Не помислуваме дека понекогаш виновни се околностите, над кои тој нема контрола.
Понекогаш, пак, се убедуваме дека тоа е работа на судбината. Сепак, важно е да знаете дека светот не е праведен и не секој го добива она што го заслужил.
Сите луѓе имаат различни можности, во зависност од тоа каде се родени, нивниот пол, нивните родители и слично.
Спирова С. | Црнобело