3 работи што богатите луѓе не мора да ги плаќаат
Додека обичните луѓе секојдневно се борат со проблеми со егзистенција и финансии, повеќето милијардери не би можеле да го потрошат своето богатство дури ни да живеат 300 години.
Покрај тоа, луѓе со пари имаат посебни привилегии. Имено, покрај нивните незамисливи финансиски можности, тие сè уште добиваат бесплатни работи.
Ова се само 3 работи што богатите луѓе не мора да ги плаќаат:
1. Храна и пијалаци
Бесплатната храна и пијалаците се составен дел од животот на богатите луѓе, без разлика дали се работи за театарски премиери, фенси забави или бесплатна промоција на одреден производ. Но некои среќници не мора да плаќаат за својата храна, каде и да одат.
Одамна е познато дека еден од најбогатите мажи на светот, Бил Гејтс е горд сопственик на златна картичка на Мекдоналдс, која му овозможува бесплатно да јаде во секој ресторан. Од друга страна, американскиот режисер Џорџ Лукас никогаш не е гладен во град што има Бургер Кинг.
Познатите ресторани оваа привилегија им ја даваат на славните и богатите, но инсистираат да не се зборува за овие картички, така што целиот список со имиња е непознат.
2. Луксузни предмети и патувања
Доделување на награди и премиери на филмови се одличен терен за промовирање на нови, луксузни предмети на пазарот. Затоа не е ни чудо што на богатите и славните им се даваат подароци со исклучителна вредност.
На Оскарите, на пример, истите достигнаа вредности до 168.000 американски долари, што значи дека веројатно познатите актери не даваат воопшто пари за облеката што ја носат.
Пред неколку години, овие подароци содржеа ваучер за едногодишно изнајмување на луксузен автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1.200 американски долари, бесплатно патување во Италија и слични придобивки.
3. Екстремни искуства
Само мал дел од светската популација со длабоки џебови може да си дозволи да резервира комерцијален лет во вселената. Но некои возбудливи искуства најбогатите луѓе можат да ги добијат бесплатно.
Кога „светските мудреци“ ќе смислат нова иновација милијардерите се првите што ја пробуваат бесплатно.
Сер Ричард Бренсон е обожавател на екстремни спортови, па затоа не е изненадување што тој е меѓу првите што испроба нови реквизити и возила за адреналинската авантура, како преносен „jatpack“.
Ашера | Црнобело