Воините на сенката - непозната приказна за најпознатата армија во светот

Воините на сенката се наоѓаат на место каде никој не смеел да влегува со векови.

Voinite na senkata nepoznata prikazna za najpoznatata armija vo svetot 01

Сите се свртени кон истокот и секогаш се во борбена формација. Биле потребни 700.000 луѓе и повеќе од 36 години за да се заврши мавзолејот на првиот кинески император Чин Ши Хуангди - комплекс од 56 километри квадратни, заштитен од најимпресивната армија досега.

Оваа масивна армија направена од глина е чувар на императорот кој бил опседнат со идејата за вечниот живот.

Осмо светско чудо

Армијата е составена од повеќе од 8000 фигури во природна големина, направени пред повеќе од 2200 години, а откриени сосема случајно - кога еден локален селанец во 1974 година сакал да ископа бунар, а го пронашол она што денес се смета за Осмо светско чудо.

Милиони луѓе секоја година ги посетуваат урнатините врз кои е поставен музеј, во кинеската провинција Шенси, длабоко во планините на централната Кина.

Гробниот комплекс се состои од комплицирана мрежа на подземни пештери преполни со работи што му биле потребни на императорот за неговиот задгробен живот, што ја вклучува војската, семејството, слугите, коњите и друг персонал, познат како Армија на теракоти.

Армијата е погребана на околу 1,5  источно од гробот на Ши Хуангди. Музејот на првиот император на династијата Чин е подигнат врз урнатините во 1979 година, а истиот е комплетиран во 1994 година.

Voinite na senkata nepoznata prikazna za najpoznatata armija vo svetot 02

Еден дел секогаш ќе остане затворен

Кинеската влада веројатно нема никогаш да дозволи да се истражи целата гробница, заради античките верувања и ритуали. Еден мал дел е отворен за туристите, додека главниот гроб најверојатно ќе остане затворен засекогаш.

Царот имал најсилна армија на светот кога бил жив, па сакал да го задржи истото по неговата смрт

Но тој не се задржал само на припадниците на војската. Пронајдени се и музичари, службеници, па дури и конкубини, што укажува дека Царот сакал другите да се грижат за него и во задгробниот живот.

Интересно е што пред Царот Хуангди императорите имале обичај да погребуваат живи луѓе со нив, па неговата одлука за погребување на фигури претставувала голем исчекор во цивилизацијата. Инаку овој император бил познат по својата суровост.

Voinite na senkata nepoznata prikazna za najpoznatata armija vo svetot 03

Војската е само дел од мавзолејот што се протега на површина малку поголема од Ватикан, која сè уште не е целосно истражена.

Откриени се уште 400 јами во близина на армијата, но огромната подземна палата е сè уште голема мистерија, бидејќи научниците стравуваат дека можат да ја оштетат доколку брзаат да ја ископаат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg