Зошто малите задоволства ни предизвикуваат чувство на вина?

Сите имаме некои свои мали задоволства што ги правиме, за кои веројатно никој не знае. Без разлика дали се работи за релаксирање со омилените серии на телевизија, чаша добро вино после работен ден, уживање во најразлични слатки или купување на нови работи.

Zosto malite zadovolstva ni predizvikuvaat cuvstvo na vina 01

Препуштање на малите задоволства ни дава моментално задоволство, но понекогаш и чувство на вина.

Малите ритуали за опуштање и подобрување на расположението ни помагаат да се чувствуваме подобро. На некој начин, стануваме зависни од нив.

Тогаш може да се појави чувство на вина, затоа што чувствуваме дека треба да ја знаеме границата. Но вистината е дека овој процес не се одвива целосно под наша свесна контрола.

Поривот нè води кон задоволство

Во нашите гени постои преференција кон храна која е слатка и мрсна, бидејќи е најкалорична и ни овозможува да преживееме. Исто така, нашиот сексуален нагон е генетски вроден и ни овозможува да го продолжиме нашиот вид и да ги пренесеме нашите гени.

Но не останавме само на овие примарни задоволства, туку развивме уште многу други. Сепак, инстинктот останува движечката сила зад однесувањето што нè прави среќни.

На пример, луѓето што уживаат во добри вина или сирење се свесни дека можат да претераат и мислат дека границата зависи исклучиво од нивната слободна волја. Но дури и однесувањето што ни е пријатно и не ни штети може да стане зависност.

Со него управува нашиот нагон, кој е силен и честопати не можеме да го контролираме свесно. Кога нема да успееме да ја пронајдеме границата и ќе претераме, се појавува чувство на вина.

Zosto malite zadovolstva ni predizvikuvaat cuvstvo na vina 02

Создавање на задоволство

Луѓето имаат предиспозиција да бараат задоволство. Кај некои луѓе тоа е посилно, и тогаш зборуваме за лица кои имаат поизразена потреба да бараат возбуда во животот. Но кај сите луѓе овие задоволства или преференции се развиваат уште во детството.

Претежно развиваме чувство на задоволство според одредено однесување што ни е достапно. На пример, една жена чија баба правеше одлични колачиња има сеќавање на ова задоволство од детство. Тоа е нејзино мало задоволство, бегство од обврските и начин да го обезбеди истото чувство на семејството и пријателите.

Затоа е поголема веројатност дека ќе уживаме во истите мали задоволства како и нашите родители или членовите на семејството. Исто така, ако сме добри во нешто и уживаме во тоа, многу е веројатно дека од тоа ќе развиеме ритуали за опуштање.

Сепак, важно е да се потенцира дека овие задоволства се привремени, краткотрајни и минливи и воопшто не нè прават среќни. Не е добро да се концентрираме само на малите нешта што нè прават среќни и да ги искористиме како бегство од не толку пријатната реалност.

Најдобро е да ги вклучиме во нашата професија и да создадеме кариера од нив. Тогаш навистина ќе уживаме во тоа што го правиме и ќе бидеме најдобри, а нашите мали задоволства ќе се претворат во едно општо задоволство со животот, барем на деловен план.

Zosto malite zadovolstva ni predizvikuvaat cuvstvo na vina 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg